IMG 20230125 152213

Најголем предизвик денес е да се биде човек. На денешен ден пред 45 години е роден Тодор Проески или нашиот ТОШЕ – пејач, композитор, хуманист, човек- огледало. Според музиколозите редок музички талент, со огромен гласовен распон. Но, овој свет на никого не му ја простува особено вродената човечност и високофреквентна емпатија, па оттаму се навраќам на еден стих:„Да не заминеше толку млад и убав, место со славa, светот со прокоба ќе те овенчаше“.Навраќајќи се наназад, сега, слушајќи ги неговите песни, Тоше си го отпеа животот.

Се сеќавам на периодот кога преснимувавме песни од радио на касети, подоцна кога „режевме“ ЦД-а со песните од Тоше: „Твојте бакнежи на моите бели кошули“, „Сонце во твоите руси коси“, „Излажи ме уште еднаш“, „Тајно моја“…Еден од најдобрите настапи на Евросонг, да, ми беше на Тоше со „Ангел си ти“ (Life), кој изгледаше како пророк меѓу луѓето, отпеа стихови кои на сите ни се познати, но со нова смисла, после неговиот настап Евросонг ја изгуби уметничката смисла.Тоше беше сведок дека сѐ се може ако се сака, успеа да спои на еден концерт она што се разнебити со распадот на Југославија, го спои Истокот и Западот. За миг ги обедини Македонците.

Мојата генерација нема херои, ние родените од 90′ и некоја немаме реални херои и достојни урнеци на луѓе кои би ги следеле според перформансите за човечност – освен Тоше. Да, Тоше е Тито на мојата генерација.Она што особено ме восхитуваше покрај неговата непосредност и музикалност е емоцијата која ја предаваше во песната. Денешниве пејачи – ретко кој умее да се соживее со текстот кој го пее, а е неопходно.

Затоа што поезијата е содржината на музиката која, ако не допира до душата, едноставно не ја бива. Тоше е дел од Битола, а Битола е на Тоше. Беше средношколец во еден од најтешките периоди, може само да се замисли колку не му било сеедно да дојде од Крушево во помпезната и покондирена Битола (живеејќи во интернатот за средношколци), од каде макотрпно, со огромно трпение и труд ќе почне да реди успеси. Од Мелфест – ја освои Англија, во меѓувреме Европа, Австралија, Балканот – со неговата непосредност, повеќе беше човек отколку уметник.Тоше, среќен роденден!

JK Travel
Доживеј ја убавината на Атина, шармот на Пелопонез и мистичноста на Метеори
Патувањето кон југот на Грција секогаш започнува со еден ист возбудлив трепет …
Детска магија, насмевки и аплаузи: „Пинокио“ го отвори фестивалот „Силјан Штркот“ во Прилеп
Една сцена, илјадници детски насмевки и прекрасна фестивалска атмосфера го одбележаа првиот …

You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…