sv naum naslovna

Христијанската православна црква денеска го слави Преподобен Свети Наум Охридски. Учителот Наум има централна и огромна улога во ширењето на христијанството кај нас, бил придружник на рамноапостолните браќа Константин Философ и Методиј.  Со божја сила, описмени во Христа многу народ.

Кондак 5

Се јави Науме себлажен, како од Бога водена ѕвезда, учејќи и просветлувајќи го словенскиот народ. Со светлината Христова сите верни ги научи да воскликнуват кон Бога: Алилуја!

sv naum naslovna

Неофицијално, Свети Наум во книжевната наука се претпоставува дека е прочуениот Црноризец Храбар, кој в очи и без страв говорел пред тријазичниците, кои биле против словенската писменост. Тие говореле дека словенската писменост била непотребна, но во познатиот трактат „О писменех“ или  „За буквите“, Црноризец  Храбар аргументирано го побива сите клевети  искажани кон светите браќа и словенската писменост.

Св. Наум Охридски Чудотворец се занимавал најмногу со просвета и книжевна дејност, имал исклучително познавање од народната медицина и земјоделието, овоштарството. Поднел многу физичко мачење во името на  Господа, но не му го скриле духот. Го следел патот на  Големиот учител – Свети Климент Охридски.  Во манстирот „Свети Архангел Михаил“ собрал монашко братство. Се упокоил на 80 годишна возраст, на 23 декември, 910 година. Набргу потоа бил канонизиран за светец. Неговите мошти се наоѓаат во манстирот „Св. Наум“ кој се наоѓа на крајбрежјето на Охридското езеро.

Во посланието на охридскиот архиепископ Јосиф од 21 мај 1740 година се вели дека „чудата и благодатите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“.

Кондак 7

Сакајќи да го протераш неверието и да ја јавиш Вистинската Светлина, претрпе многу мачења и гонења, Науме пречуден; отстрани ја од нас гревовната смрдеа, умилно на Бога да Му воскликнеме: Алилуја!

Во манастирот „Св. Наум“ во Охрид доаѓа на поклонение народ и од христијанска и од муслиманска вероисповед, сето тоа поради исцелителната моќ од моштите на Свети Наум Чудотворец.

Кој верува ќе ја спаси својата душа, Свети Наум беше ракоположен од единствениот Бог и изложен на  претешки маки поради него, во негово име тој продолжи да им служи на верниците кои вистински веруваат во Бог со сета нивна сила.

Не сме уморни од животот, уморни сме од разочарување, повреди и предавство
Не сме уморни од животот, уморни сме од разочарување, повреди и предавство …
„Гидионовиот јазол“ го затвора Фестивалот на монодрама во Битола
Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола годинава ќе биде заокружен со изведбата …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…