Maja kniga

„Каде што зборовите не успеваат, приказните зборуваат“ – духот на детската литература, инспириран од творештвото на Ханс Кристијан Андерсен, и денес нè потсетува дека најголемите вистини често се кажуваат преку наједноставните приказни.

По повод Светскиот ден на книгата, на 23 април (четврток), со почеток во 18 часот во Кино Манаки во Битола, ќе биде промовирана книгата за деца „Низ детските очи“ од авторката Маја Богоевска.

Станува збор за нејзино прво дело наменето за најмладите читатели – збирка од 26 раскази за деца на возраст од 5 до 8 години. Преку внимателно избрани теми и топол наратив, расказите го отсликуваат детското секојдневие, нивната љубопитност и чиста перцепција за светот. Од здрави навики и природни појави, до годишните времиња, планетите и малите животни – секоја приказна носи порака, но и простор за размислување и фантазија.

Промотори на книгата се Биљана Котевска-Димко, професорка по македонски јазик и писателка и д-р Аница Златевска, психолог и автор на литература за деца. Во рамки на настанот ќе настапат и ученици од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, како и младиот 11-годишен саксофонист Филип Нешковски.

Рецензент на книгата е м-р Ана Кондоклоцис, која во својата оценка за делото истакнува:

„Она што ми остави посебен впечаток и ми привлече внимание е тоа како писателката вешто и мајсторски го спојува детето во расказите со природата, љубовта кон растенијата и вкусните плодови, радувањето на детето на секое годишно време и другарството, кое не учи сите нас на најскапоцените вредности кои ги носиме цел живот. Овие писателски изрази на Маја Богоевска допреа длабоко во моето срце, во моите спомени, чувствував како се смее и радува детето во мене…“

Книгата „Низ детските очи“ е добитник на наградата „Пелистерски ракувања“, доделена на конкурс на издавачката куќа „Дата Песнопој“.

Маја Богоевска е дипломиран новинар со повеќе од две децении професионално искуство. Од 2016 година започнува со пишување сценарија за детски емисии, а од 2017 година  активно создава раскази за деца и е чест гостин на настани посветени на детската литература.

meblo trejd
Битолски каратисти одат на Балканско
На Државното првенство за деца (У12 и У14) во ката и кумите, …
Колку повеќе им угодувате на луѓето, толку повеќе ве прават будала – 5 совети од психолозите
Угодувањето на другите за да се избегне конфликт или да се добие …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…