Во роденденскиот месец на НУ Центар за култура Битола и 3Д Кино Битола, фокусот е ставен на македонската кинематографија. Ќе  бидат прикажани најновите филмови на четворица режисери: Кристијан Ристески, Саша Станишиќ, Илија Павлов и Даријан Пејовски.

„Снежана на крајот умира“ на режисерот Кристијан Ристески- филмот кој својата светска премиера ја имаше на американскиот филмски фестивал „Слaмденс“ и кој доби пофални критики во престижните филмски списанија Варајети,  Холивуд Рипортер, Скрин Дејли и други, а македонската премиера беше на свеченото затворање на ИФФК „Браќа Манаки“, се прикажуваше од 07 до 12 октомври во 3Д Кино Битола. „Тотално различен македонски филм“ е впечатокот на публиката, па поради интересот ќе има дополнителни проекции од 25ти октомври.

македонски

Краткометражниот филм „ПС Бусан“ на режисерот Саша Станишиќ ќе се прикажува во малата сала на 14 и 15 октомври во 20.00 ч.  Станува збор за филм во јужно-корејска продукција којшто Станишиќ го направи за време на неговиот тринеделен резиденцијален престој во Бусан во 2019 година. Филмот е сниман на корејски јазик со целосно корејска екипа. Директор на фотографија е Чои Вонук, монтажер Ли Дон Мин, музиката е на Васана, а главните улоги ги толкуваат Ким Мин Ву, Парк Хо Чен, Џеонг Џи Јанг.е Чои Вонук, монтажер Ли Дон Мин, музиката е на Васана, а главните улоги ги толкуваат Ким Мин Ву, Парк Хо Чен, Џеонг Џи Јанг.

„Гласот на тишината“ (Rebirth: voice of silence) на режисерот Илија Павлов ќе биде прикажан во малата сала на 14 и 15 октомври во 20.10 ч. „Две прашања: Сами сме во универзумот или не? И двата одговори се подеднакво застрашувашки.“

                Најновиот филм на режисерот Даријан Пејовски „Мими“ ќе се прикажува од 28ми октомври во големата сала. „Мими“ е психолошка драма за девојка која, потисната од родовите предрасуди во родниот крај, доаѓа да живее во Скопје. Тука се запознава со Сара и помеѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија. Улогите ги толкуваат Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов и други.

MAKEDONSKI FILMOVI
meblo trejd kabanici
Битола ќе ја добие првата „Пивска милја“ во Македонија
Битола ова лето ќе биде домаќин на уникатен спортско-забавен настан кој за …
Игри кои ја развиваат интелигенцијата кај децата
Познато е дека периодот до седмата година е период на најголем раст …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…