IMG 27a0076245460568e942c8ddd8d59c48 V

На 29.11.2025 година во 11:00 часот, во салата на Општина Новаци ќе се одржат јубилејните 25 Пелагонски културно-научни средби.

И годинава е предвидена богата културна програма, распоредена во неколку дела. После свеченото отворање, ќе следува промоција на Зборникот на трудови бр. 20 во кој се претставија авторите-учесници во минатата 2024 година. Веднаш по промоцијата, како и секоја година, ќе бидат доделени годишните награди кои традиционално ги доделува Здружението. Потоа следува работниот дел на кој годинешните автори-учесници ќе се претстават со своите нови трудови кои ќе бидат дел од Зборникот на трудови бр. 21 за 2025 година, а кој ќе се отпечати во наредната 2026 година.

Исто така, во склоп на настанот е предвидена и изложбена поставка на дел од Зборниците промовирани во претходните години, како и на дел од книгите во издаваштво на Пелагонските културно-научни средби.

Во изминативе 25 години Здружението Пелагониски културно-научни средби се покажаа како плоден расадник за развивање на научната, книжевната и уметничката мисла. Воедно, претставува здружение коешто ги поттикнува младите творци, од регионот, но и од цела Македонија, да творат и создаваат на македонски јазик. И иако се води како регионално здружение, со самото учество на автори надвор од границите на македонската држава, уште еднаш докажува дека науката и културата не познаваат граници.

Настанот е од отворен карактер за сите вљубеници во културата и науката коишто умеат да размислуваат и се подготвени да го облагородат сопствениот дух.

Никогаш нема да вредите за луѓето кои НЕ МОЖАТ да прават што сакаат со вас
Во животот често среќаваме луѓе кои не нè прифаќаат такви какви што …
Способностите на духовно освестените личности
Сте забележале ли колку е тешко да предизвикате личност која е духовно …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…