Меѓународната жири комисија на еден од попрестижните светски детски ликовни конкурси кои по 27-ми пат го реализира Музејот за современа уметност од Цеље – Република Словенија ги објави резултатите според кој на годинешниот конкурс на кој ученици од 12О школи од 25 држави сликаа на тема “Јас во огледало” со што генерираа фонд од над 5,ООО детски ликовни цртежи.
Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола е редовен учесник на еминентниот светски детски ликовен конкурс од неговото формирање и оваа година се закити со 25 високи награди и признанија за исто толку детски ликовни дела на нивни ученици.
Изборот на наградените уметнички дела го направи стручната комисија во која членуваа историчарката на уметност Уршка Тодосовска – Шмајдек ; ликовната уметница Сузана Сеница и Меланија Граховац.
Сите наградени уметнички дела ќе бидат изложени во Детскиот музеј “Herman’s Den” за периодот 2О24 – 2О25 година додека возрасната граница беше за млади ликовни уметници од 6 до 12 годишна возраст.
Учениците кои се закитија со награди се: Катерина Бабаровска [ 6 ], Ива Атанасовка [ 6 ], Анабела Јовчевска [ 7 ], Софија Монавчева [ 7 ], Бисера Коџоманојловска [ 8 ], Михаела Стефановска [ 8 ], Горазд Георгиевски [ 9 ], Илија Лимо [ 9 ], Давид Атанасовски [ 9 ], Кирил Николовски [ 9 ], Христијан Николовски [ 9 ], Матеја Ризановска [ 9 ], Мухамед Сулиманоски [ 9 ], Александар Филиповски [ 1O ], Јана Мојсовска [ 1O ], Фросина Полизовска [ 1O ], Јана Талеска [ 1O ], Елиф Сулиманоска [ 1O ], Бенјамин Рамиќ [ 1O ], Сара Сотировска [ 1O ], Марија Миленковска [ 1O ], Андреј Миленковски [ 11 ], Томислав Атанасовски [ 11 ], Матеј Јаневски [ 11 ] и Ана Марија Спировска [ 12 ]
„Максимално и обилно ги береме плодовите од квалитетот на цртежите кои нашите ученици ги создаваат во Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола. Не е мала работа 25 награди за големиот детски светски ликовен конкурс кој го организира Музејот на современа уметност во Цеље – Словенија.
И без основни услови за работа како брутално работиме без финансии и паузата во летниот период поталентираните ученици имаат активности без прекин. И ова е резултатот на нивната работа и координацијата која ја има Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола.
Мисијата на нашиот основач во сегмент можеби е и луцидна како 56 години работиме на принципот “бесплатна ликовна едукација на младиот ликовен талент кај децата” и тоа се додека можеме ќе го одржиме а на државата – институциите и општествено одговорните компании е да го препознаат. Резултатите се тие и нас не импонираат” – изјави Славчо Неделковски – претседател на управниот одбор на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола.