dls monmartr

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола ги доби резултатите од VIII издание на светскиот детски ликовен конкурс, кој се организира во Русија.

Имено, станува збор за светскиот детски ликовен конкурс „Уши и шепи“, кој го организира Детското ликовно студио „No 17“, под покровителство на Одделот за култура на главниот град на Сибирскиот регион на Руската Федерација – Новосибирск.

На светскиот детски ликовен конкурс за 2025/2026 година се работеше на темата „Диви свињи и гуски“, а учество имаа над 30 земји, кои генерираа фонд од над 5.000 детски ликовни цртежи.

„Особено значајно за нас во врска со учеството на овој светски детски ликовен конкурс е што тој е од глобален формат во своето VIII издание, но е многу постар ако се знае дека децении наназад е еден од најголемите, ако не и најголем, на територијата на Руската Федерација, што значи и огромен квалитет и конкуренција која е милиметар под онаа на професионалните ликовни уметници“, истакна Хаџи-Антоновска од ДЛС.

Објавена е и темата за следното, IX издание – „Сибирски тигар и еребица“. На светскиот детски ликовен конкурс, за изложбата која ќе следи, од Македонија учество имаше само ДЛС, а наградени се 11 ликовни дела, што е поприлично импозантно. Овој конкурс работи на темата животни и птици, а во составот на 9-члената жири-комисија се истакнати ликовни уметници кои формираат оценки и проценки врз основа на анатомскиот приказ на животното или птицата – членови се и зоолози, како и декани на два факултети за применети ликовни уметности. Ова само по себе значи дека пристапот е на високо професионално ниво.

„Од страна на нашите награди, чест ми е да соопштам дека имаме сребрен медал (2. место) за Сирма Спиркоска, бронзен медал (3. место) за Маргарита Велјановска. Јана Мојсовска е добитник и на диплома за млад талент, но и на диплома со која е посебно награден нејзиниот талент во користењето на боите при цртањето. Фросина Полизовска, исто така, е добитник на диплома за млад талент, но и на диплома за нејзиниот талент во техниката и анатомијата која ја претставила низ своето дело.

Диплома за техника доби и нашиот член Леа Стерјев, а ученичките Ивана Влкановска, Јована Василевска, Елиф Сулиманоска и Луна Петковски добија дипломи за млади таленти – секоја во својата возрасна категорија. Со овој успех ние сме повеќе од задоволни“, истакна Неделковски од ДЛС.

Тибетски поговорки – мудрости за надминување на тешките денови
Ако сакате да читате и собирате мудри мисли и инспиративни цитати, тогаш …
Срамот е најтоксична емоција која едно дете може да ја почувствува
Срамот со сигурност е една од најтоксичните емоции кои може да ги …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…