После повеќе од 200 години од смртта на познатиот книжевник Јоаким Крчовски, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, донесе одлука за прибројување на праведникот Јоаким Крчовски во диптихот на светиите. На 22 овој месец, во манастирот Свети Јоаким Осоговски, ќе биде извршена свечена канонизација на праведниот Јоаким Крчовски. Во досегашните излагања од страна на науката, ликот на Јоаким Крчовски беше сместен само во сферата на книжевноста и недоволно истражен. Деновиве од печат излезе нова книга, дело на сестринството на Слепченскиот Манастир Свети Јован Претеча со наслов „Свети праведен Јоаким Крчовски” , во која што се изложени нови, особено значајни сознанија и расветлувања на ликот на праведниот Јоаким. Во оваа книга покрај расветлувањето на годината на неговото раѓање, како и неговото родно место, објавени се едни сосема поинакви погледи на неговото творештво, на неговата духовна величина, којашто оваа личност Јоаким Крчовски, до сега од книжевноста, ја прави достојна за прослава на небесата помеѓу светителите , но и ја објавува помеѓу луѓето на земјата како нов застапник пред Господ за нашиот народ. Од творечкото перо на сестринството на Слепченскиот Манастир по големата Божја милост, како што тие умеат да кажат, се создаде и акатист и прототипна икона на праведниот Јоаким Крчовски за негова достојна прослава.

joakim

Делото е високо оценето од еминентни лица од областа на македонската книжевност и наука:
“… Книгата претставува научно-популарна студија за животот и делото на овој наш истакнат духовник, со посебен осврт врз неговото потекло,заснован врз етимологијата на неговото презиме Крчовски. Презентирани се сериозни научни аргументи во полза на тезата дека овој наш преродбеник потекнува од селото Крчово, во егејскиот Демир Хисар, спротивно на досегашното толкување дека неговото презиме потекнува од турското име на градот Кичево и следствено на тоа неговото потекло треба да го бараме во населените места во Кичевскиот крај…. Особено битно е што еден дел од поучните слова на Крчовски се преведени на современ македонски јазик, со што нивната поучна содржина се доближува до денешните верни чеда на Македонската православна црква. На тој начин сестринството на Слепченскиот манастир го продолжува делото на праведниот отец Јоаким Крчовски, кој своите проповеди, исто така, ги пишувал и говорел во светите македонски храмови на разбирлив за верниот народ дијалектен говор. ” – Академик Ѓорѓи Поп Атанасов.
“… Во изданието пред нас, новите аспекти на проследување и особено приложената документирана изворна архивска граѓа, отворија нови видици и можности за натамошни научни интерпретации во окривање на просветителскиот и духовниот профил на Јаоким Крчовски.
Авторките на изданието нагласуваат дека во неговото творештво како примарна се издвојува духовната компонента, како и доминантната морализаторско-воспитна функција, елаборирана согласно христијанските етички кодови, но нагласена е и просветителската димензија на неговиот творечки подвиг во намерата образованието во Македонија да биде широк процес, а културата да навлезе во кодот на постоењето на обичниот македонски човек.” – д-р Маја Тошич, директор на институтот за македонски јазик и литература

” Кон значајните проучувачи на опусот на нашиот просветител годинава се вклучува и сестринството на манастирот „Свети Јован Претеча“ од Слепче,кое во изминатите децении публикува содржајни поетски и моногравски изданија. Низ проверени факти, преданија и записи, на страниците од овој колективен труд авторите преку прилежни текстови презентираат спекар на согледби за животот и книжевното дело на Јоаким Крчовски. ” – Раде Силјан

Ова е повод за голема радост во нашата Македонска православна црква, на нашиот народ, но радост и за целиот православен христијански свет кој ќе добие уште еден застапник во ликот на Јоаким Крчовски.

Радувај се, праведен оче Јоакиме, топол молитвенику и наставнику на христијаните!

viber image 2022 05 05 09 57 20 189

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…