glasno 1 e1755671088400

Родовата нетрпеливост со која се соочуваат жените на јавни позиции влијае врз нивната професионална положба, продуктивноста во работата и кариерата,  психичка благосостојба и здрвјето, при што недовербата во институциите за решавање и недостатокот на санкции го продлабочуваат проблемот. Ова е заклучокот од истражувањето „Гласно за гласните“ спроведено од Здружението „Журналист“ во кое беа анкетирани 50 жени од јавниот живот во Битола и беше направена квантитативна анализа за застапеноста на жените на раководни позиции во поголемите институции во градот. Целта беше да се утврди со какви притисоци се соочуваат и како се спрвуваат со нив.

glasno3

Од 50 анкетирани испитанички дури 43 или 86 отсто одговорија позитивно дека се соочиле со родова нетрпеливост. Таквото однесување 60 отсто од жените го доживеале преку напади на социјалните мрежи. На 44 проценти од испитаничките  им била потценета стручноста во нивниот кариерен развој, а 38 отсто признаа дека им биле упатувани сексуални коментари. Најчесто родовата нерепеливост била изразена преку велбални напади, но меѓу испитаничките имаше и три жени кои биле физички нападнати.

Истражувањето покажа дека од вербалните навреди на прво место се омаловажувањата на стручноста на жените, на второ моралните наврети, а на трето клеветите.

glasno4

Имало и навреди поради семеен статус: „ неротка, јалова, уличарка, ти немаш деца да ја рабереш ситуацијата“, па навреди за физички изглед: „боо предница или задница, дебела, крава, ќелава, го гнасиш Широк Сокак, скриј се под ќебе“. Предрасуди за женскиот род:  „жена само за дома е, не може да биде паметна, глупава плавуша, наместо деца да шета брка кариера, се знае што жена може да работи навечер“ и други.

За жал, меѓу лицата кои манифестирале вакво однесување, во повеќе од половината од случаите  биле жени.

glasno5

„Истражувањето покажа дека родовата нерпеливост изразена преку закани или говор на омраза  и напади на социјалните мрежи предизвикува психички стрес кај 58 проценти од анкетираните. Но, и 9 жени побарале лекарска помош. Кај 36 проценти однесувањето им ја намалило продуктивноста на работните места. Но, ја зголемило мотивацијата да останат вклучени во јавниот живот и на раководни места“, велат од „Журналист“.

Тоа го докажува и податокот дека од 149 раководни места кои беа анализирани, 77 ги водат жени, а 72 мажи.

Загрижува податокот дека жените на јавни позиции избегнуваат да пријават случаи на родова нетрпеливост  поради недоверба во институциите и мислење дека нема да има ефект. Иако 43 жени биле жртви на вакво однесување, само 10 ги пријавиле случаите. При тоа инстутуциите ретко презеле ефективни санкции против сторителите што се потврдува со соодносот меѓу слуачите на пријавување и реалните санкции. Од вкупно 10 случаи на пријавена дискриминација, само 3 резултуирале со санкција, што претставува сериозен проблем во спроведувањето на законските механизми.

glasno6

Во едниот од трите случаи лицето добило условна казна затвор до три месеци доколку го повтори делото во рок од три години. Но, пресудата уште не е правосилна. Во другите два случи, се работи за опомена од МВР и од  диркетор. 

За подобрување на состојбата, жените предлагаат:

-Донесување строги закони против дискриминација и сексуално вознемирување, со реални санкции за прекршителите. Казнување на насилникот и провокаторот,  дел од казните да бидат и парични.

– Јавно зборување за нападите и јавно кажување на лицата кои вршеле такви напади со име и преземе. Да се пријавува секој обид за насилство.

– Пријавување на онлајн малтретирање, поддршка за жените кои се изложени на напади. 

glasno7

– Создавање на безбедни и доверливи механизми за пријава, независни од институционалната хиерархија и од лични или семејни врски. Пријавите не смеат да завршат кај лица што се директно или индиректно поврзани со насилникот.

Истражувањето беше спроведено во мај, јуни и јули 2025 година, а финансиски поддржано од Општина Битола преку јавен повик за поддршка на здруженија кои работат во областа на еднаквите можности.

Орхан Памук: Мудрости што остануваат запишани во времето
Овие цитати на Орхан Памук одекнуваат низ времето. Овој турски писател и …
Пчелите се најважните суштества на планетата без кои нема живот
Меѓународниот институт Earthwatch ги прогласи пчелите за најважни суштества на планетата Земја. …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…