Викендов во амфитеатарот во Ставрос, Грција во организација на Светската Федерација во Боречки Вештини – WFMA чиј основач е и Академијата за боречки вештини и спортови „Златко Неделковски” позната и како „ЗА – НЕД – ДО” се одржа 11-тиот Балкански шампионат.

Учество со свои национални тимови имаа земјите од Балканот и тоа Грција – Бугарија – Македонија – Кипар – Бугарија и Хрватска со над 1.000 борци.

за нед до 9

Тимот на „ЗА – НЕД – ДО”од Битола предводен од главниот тренер и официјален претставник во WFMA – Кик Бокс мајсторот Дијана Неделковска броеше шест натпреварувачи кои од 11-тиот Балкански шампионат на WFMA се враќаат со следните резултати:

Јована Јаневска [ 9 години ] категорија до 22 килограми во дисциплината лајт контакт со златен медал; Бобан Гарабиевиќ [ 13 години ] категорија до 59 килограми во дисциплината лајт контакт со златен медал со завршена борба со нокаут; Давид Јошевски [13 години ] категорија до 54 килограми во дисциплината лајт контакт со златен медал; Илче Филкоски [16 години ] категорија до 52 килограми во дисциплината лајт контакт со златен медал; Пенелопа Кочевска [ 16 години ] категорија до 63 килограми во дисциплината лајт контакт со златен медал со завршена борба со нокаут; Бобан Гарабиљевиќ [ 13 години ] категорија до 59 килограми во категоријата лоу кик кој извади нерешен резултат и Лина Зенуни [ 14 години ] категорија до 51 килограм во категоријата лајт контакт со пораз.


Неделковска од Солун за Читај бе изјави:

„Ова не е мал успех. Имавме тим од шест натпреварувачи и подготовките – организацијата на учеството – сместувањето и патот ги реализиравме апсолутно со сопствени средства. Ова е феникс. Враќање на „ЗА – НЕД – ДО” академијата на високото место на пиедесталот во светот на боречките вештини и спортови каде колегите го ценат и препознаваат квалитетот а не квантитетот на натпреварувачите. Огромна благодарност и до WFMA светската федерација чиј основач беше и мојот татко – големиот учител Злато Неделковски што со почести ме назначија за официјален претстаник на Македонија во истата. Голема чест за мене по основ на мојот татко кој живееше за контактните спортови и доказ дека “ЗА – НЕД – ДО” беше – е и ќе остане “расад” на борци со вистински спортски вредности”, истакна таа.

meblo trejd raboti
Листа на најуникатни музеи на светот
Откријте ги најуникатните музеи на светот каде што се претставени работи за …
Допирот ја намалува болката, депресијата и анксиозноста – истражување на германски експерти
Научното истражување спроведено од експерти од германскиот универзитет во Есен тврди дека …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…