Виктор Апостоловски ја промовираше својата најнова песна „Омилена“, која е посветена токму на неговата омилена – Милена. Песната ја напиша специјално за првиот свадбен танц на сопствената свадба. Ако песната ги разнежни присутните на свадбата, тогаш ќе уживате во нивното Love Story.
„Инспирација за песната е мојата омилена, Милена Апостоловска. Сите за свадбите прават Love Story на некоја популарна песна, па си викам, зошто да правам видео на туѓа, кога можам да го овековечам овој момент, да си остани вечно наш. Ја напишав буквално во еден здив. Имав уште милион работи да кажам, ама се потрудив да ги ставам сите чувства во неколку стихови и мислам дека успеав. Успеав и да ја изненадам невестата. Никој од нашите не остана рамнодушен, а се надевам дека ќе им се допадне на сите. Спотот испадна спонтано, искористивме дел од видеата од свадбата, снимени од страна на Саше Богоевски, за сликите беше задолжен Александар Георгиев, останатите снимки ги направивме на нашиот одмор во Лефкада, а дел беа и од претходни патувања и убави моменти“, вели Виктор за Читај бе.
Во продолжение уживајте во „Омилена“.