Вечерва, во просториите на компанијата IWConnect ќе биде отворена изложбата под наслов Агапе, на школата за уметност Адамс Арт. Ова ќе биде групна изложба на возрасните уметници кои ја посетуваат оваа школа и кои работат на иконографија и креативни изработки на уметнички парчиња аксесоари.

Школата за уметност Адамс Арт ја води Анкица Стевановска, академски сликар и иконописец, која завршила ликовна академија кај познатите руски професори Игор и Викторија Егорови. Посветена на воспитно образовната работа како наставник во основно училиште, Анкица подолго време ја води школата за уметност за деца и возрасни – Адамс Арт и на тој начин го остварува сонот на многу талентирани личности да научат техники на цртање и сликање.

318289186 824635152174596 1327801266557672592 n

„Насловот Агапе не е случаен, Агапе е најчистата, божествена и безусловна љубов. Со такви емоции работам во мојата школа и навистина оваа изложба на моите возрасни слушатели на школата, ме прави среќна”, вели изјави Стевановска.

Изложбата е од отворен тип за сите љубители на ликовната уметност. Ќе има продажен карактер. Започнува во 19:30 часот и ќе трае до пред полноќ, со дегустација на вино и уживање во музика на бендот Еликсир.

Предавање на теми од книгите на проф. д-р Зоран Крстевски во битолската библиотека
Пред преполната сала во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, предавање одржа проф. …
Марко Николиќ албумот првенец ќе го промовира и во Македонија
Марко Николиќ по 20 години професионална музичка кариера во која неговото име …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

    Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

    За лицемерното смирение…

    Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

    Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

    Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

    Смела и гламурозна креација на Александар Ортак за матурски фустан

    Матурската прослава е крајната точка на едно прекрасно животно поглавје исполнето со…