Како дел од програмата по повод „4 Ноември“ – Денот на ослободувањето на Битола, синоќа на Нова сцена во Центарот за култура, Бабец театар од Битола, ја одигра театарската претстава „Јованче и Марика“.

Jovance i Marika 09

Со оваа претстава на децата им беше понудена една нова визуелизација на нивната добро позната бајка за прв пат запишана од браќата Грим, познатата приказна за двете деца кои таткото присилен од страна на неговата жена, односно маќеата, ги испраќа и ги остава во мрачната шума поради финансиските проблеми и снаодливоста на двете деца но и нивната желба за промена на тешкото бреме кое без никаква вина мора да го носат на својот грб.

Jovance i Marika 11

„За нас беше огромна инспирација за да направиме еден нов и современ прочит на оваа пред се хорор бајка во која внесовме многу свежина, комични наместо страшни ситуации и решенија, драматуршки заплети, многу танци и класична музика и едно ново визуелно решение на сценографијата и костимите поткрепени со многу магични визуелни ефекти кои треба да придонесат за едно незаборавно доживување на децата.

Jovance i Marika 04

Целта на оваа претстава е на децата да им покажеме дека со многу љубов и грижа еден кон друг стануваме многу посилни и дека секоја авантура не учи нешто ново, но дека најважно од се е да научиме да го разликуваме злото од доброто“, вели режисерот на претставата, Васко Мавровски од Бабец театар.

Улогите ги играа Никола Пројчевски, Јулијана Мирчевска, Петар Спировски и Катерина Аневска.

Wolt пристигна и во Битола
Граѓаните на Битола можат лесно да ги нарачуваат своите омилени оброци и …
Не се спуштај на туѓото ниво
Бидeте позитивни кога негативноста ве опкружува. Насмевнете се кога другите сакаат да …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…