На 27 март, Светскиот ден на театарот, НУ Народен театар Битола ќе ја изведе претставата „Ѓоре Магаревски“, а целиот приход од влезниците (100 ден.) ќе биде дониран за настраданите од Кочани.
🎭 Театарот е повеќе од уметност – тој е заедништво, хуманост и подадена рака. Ајде заедно да покажеме дека Битола има големо срце!
🎟 Влезници достапни онлајн:
👉 Купи билет
👉 Или во билетарницата на театарот.
За претставата
Претставата „Ѓоре Магаревски“ беше дел од одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на Битолскиот театар. Режисери се Благој Мицевски, Софија Ристевска Петрушева и Јован Ристовски, а во неа настапуваат актери од сите генерации, вклучувајќи ги и пензионираните.
Во три кратки едночинки, улогата на Ѓоре ја играат:
Марјан Ѓоргиевски – режија: Благој Мицевски
Александар Димитровски – режија: Софија Ристевска Петрушева
Никола Пројчевски – режија: Јован Ристовски
Креативен тим:
- Сценографија: Валентин Светозарев
- Костимографија: Благој Мицевски, Андреј Папаз Ѓоргиевски
- Драматург: Билјана Крајчевска
- Светло мајстори: Игор Мицевски, Горан Петровски
- Тон мајстор: Александар Димовски
- Шминка: Стефанија Илиевски
- Видеооператор: Владимир Переловски
- Автор на плакат: Сашо Илковски
- Инспициент: Димитар Михајловски
На настанот ќе бидат прочитани и традиционалните пораки по повод Светскиот ден на театарот.
„Ѓоре Магаревски“ е првата претстава одиграна на македонски јазик во слободна Македонија, на 14 ноември 1944 година. Делото на Владо Малески, во режија на Димче Стефановски, ја означи новата ера на македонскиот театар.
Првото театарско јадро на Битола го сочинуваа:
Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев, Јован Бејко.
Прославете го Светскиот ден на театарот со нас и помогнете таму каде што е најпотребно!