andrej 1

Кралството Саудиска Арабија во 2О25 година за прв пат реализираше огромен меѓународен детски ликовен конкурс чии резултати беа објавени од страна на The Palette Academy организацијата која ја организираше и реализираше оваа манифестација во име на министерството за култура.

Жири комисијата на овој детски настан на кој пристигнаа над 25.ООО детски ликовни дела од над 4О држави награди само 9 учесници т.е. само по три во категорија што ги направи наградите особено вредни.

viber image 2025 12 22 10 35 09 852 edited

“Ние добивме директна покана преку нашиот колега од Трабзон – Турција професор Вејсел Аџар и решивме да учествуваме со 2О дела од исто толку наши ученици.

Темите беа поделени во 2 општи групи и тоа “Наследството на мојата татковина” како и “Убавината на природата” но фокусна тема беше “Науката и технологијата – корисен влог за нашата иднина” и ние решивме да работиме со учениците на оваа тема.

Низ процесот на селекција кој го реализираше огромен број членови на жири комисијата имаме награда “Покана за учество на изложба” за Сирма Спиркоска додека технички конкурсот генерира само 9 награди т.е. по три во категориите од 7 до 1О годишна возраст па од 11 до 14 годишна возраст и последната категорија од 15 до 18 годишна возраст.

viber image 2025 12 22 10 35 10 314

Успехот на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола е второ место – сребрен медал за Андреј Миленковски во категоријата на учесници од 11 до 14 годишна возраст.

viber image 2025 12 22 10 35 10 202

Организаторите не контактираа со честитки и воедно не информираа дека Дипломата и медалот како и наградата ќе бидат пратени по специјална пошта додека од следното издание наградените ученици ќе ги подигнуваат наградите лично на свечена церемонија која ќе се реализира во главниот град на кралството Саудиска Арабија – Ријад.

Со овие 2 награди Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола го завршува првото полугодие за школската 2О25 / 2О26 година а само за 2О25 година календарски преку своите талентирани ученици освои 415 награди и признанија од 3О држави од цел свет.” – истакна Славчо Неделковски од ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола.

viber image 2025 12 22 10 35 10 298

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола последната сабота од 2О25 година ќе ги награди своите членови со Сертификати за своите успеси и ликовен талент а ќе биде прогласен и најдобриот ученик за 2О25 година.

Пчелите се најважните суштества на планетата без кои нема живот
Меѓународниот институт Earthwatch ги прогласи пчелите за најважни суштества на планетата Земја. …
Приказната на Љубљана – градот на мостовите и утринска магла
Пишува: Сара Танаскоска Секое утро во Љубљана е со ист ритам. Сончевата …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…