Една година музичко-танцови спектакли, една година многу гостувања на познати музички ѕвезди од поширокиот регион, една година уникатно доживување и забава. На начин како што само тие знаат, „Голд Фелициа“ синоќа со роденденско кабаре прослави една година од отворањето.

IMG 20220717 233150

Водејќи ја присутната публика низ музички жанрови од разни земји, 4 часа од роденденското кабаре беа исполнети со забава и уживање, единствено во Македонија.

gold felicija

Публиката ја воодушевија и разновидноста и гламурот на самите костими изработени за танчерите, но и за пејачите, кои беа во совршена согласност со стилот на музика, изработени до најситен детал и висок кабаретски стил од рацете на модниот дизајнер Андреј Папаз.

gold felicija 6

Танчерите во кабарето настапуваат по кореографија на Илија Карадакоски, додека изведувачи и пејачи на шоуто се Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Жарко Димоски, Бојан Стојков, Калина Велкова, Лаура Крлиу, Полина Тасева, Христина Јовановска и Никола Пројчевски.

gold felicija 7

Златната приказна на „Голд Фелициа“, замислена на сопственикот Никола Митровски како кабаре, ресторан заедно со сместувачки капацитети, стана местото на префинети задоволства обвиени со кабаретски стил, зачинети со џентлменски манири и сервирани со многу музика, танц, глума, епицентар на кабаре. Многу познати имиња, реномирани уметници, наградувани артисти, фантастична енергија за која оној кој ја почувствувал зборува уште многу, многу долго.

gold felicija 8

„144 кабаре претстави и 42 професионални македонски уметници кои настапуваат секој викенд, над 40 концерти со најдобрите од Македонија и Балканот и многу гости кои во оваа измината година ги испраќаме со позитивна енергија и насмеани лица. Ви благодарам на сите за поддршката продолжуваме со уште поголема енергија за работа и уште многу заеднички и убави моменти. Среќен роденден Фелиција и да славиме уште многу јубилеи заедно“, рече уметничкиот директор Димитар Андоновски.

IMG 20220717 233146

Но, вистинско воодушевување кај присутните синоќа предизвика роденденското изненадување – омажот кон богатата македонска историја и традиција, сето тоа замислено низ кабаретска призма и призвук, која му даде посебна магија на вечерта.

Започна со македонско оро, македонска песна, за да кулминира со влезот на Битолската коњаница кои на коњите со факели во рацете поминаа низ присутните.

Утринските навики на најдолговечните луѓе на светот кои ние ги игнорираме
Пет изолирани острови каде луѓето ја доживуваат „стотката“ повеќе отколку во остатокот …
Вознесение Христово Спасовден
Православната црква го празнува празникот Вознесение Господово, кај народот познат како Спасовден. …
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…