sveki

Сиропусна недела,(Масленица), (е последната подготвителна седмица пред Великиот Пост), односно седмата недела пред Пасха. За време на оваа седмица, која следи после месопусната, христијаните го имаат отстрането месото од трпезата, а благословено е да се јаде млеко и млечни производи, јајца и риба.

Сирна или бела седмица: 24.02.-02.03.2025.

Се чита евангелското четиво за простувањето (Мат. 6,14-21), а Црквата ни напоменува за Изгонувањето на прародителите Адам и Ева од рајот, бидејќи го нарушија постот, односно послушноста кон Бога. Со ова нѐ учи да простуваме, и да постиме, за да се вратиме во рајот. Во оваа седмица освен месо, се јаде сѐ друго, и во среда и петок.

Во недела на 02.03.2025 е Прочка, Сирни поклади, или Сиропусна недела, во која последен пат се јаде мрсна храна, тогаш се отпушта од употреба секоја мрсна храна, и во понеделникот (Чист понеделник) започнуваме со постот.

Прочка го означува и простувањето кое секој верник го проси од своите ближни на овој ден, како подготовка пред Великиот Пост. Вечерната богослужба е масовно посетена на овој ден, каде се слушаат Господовите зборови за простувањето и постењето, по што во храмот сите си простуваат едни на други.

Евангелието за последната недела е исто така насочено кон постoт.

    Кога постите, не бидете како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти ја добиле веќе својата награда. А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, па да покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. (Матеј 6,16-18)

Прочка

После отпустот на Вечерната, Презвитерот стои покрај аналогионот, или пред амвонот. Верните пристапуваат и прават поклон пред иконата, по што прават поклон и пред свештеникот, велејќи: „Прости ми мене, грешниот/грешната.“ Свештеникот исто така прави поклон пред секој од нив, велејќи: „Бог простува. Прости ми.“ На тоа, верниот одговара: „Бог простува.“ и прима благослов од свештеникот. За тоа време се пеат ирмосите на Пасхалниот Канон, или некоја Пасхална стихира. По простувањето со свештеникот, верните си простуваат еден на друг.

Научете да ги читате луѓето – затоа што не секогаш ја говорат вистината
Секој од нас, барем еднаш се соочил со ситуација кога некој му …
Не го трошете животот на луѓе кои не го заслужуваат тоа
Не го трошете животот на некои луѓе чии заеднички денови беа повеќе …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…