model 1802142 1920

Не се плашам од оние жени кои светот ги нарекува – убави. Се плашам од оние другите. Се плашам од жените кои излегуваат со малку шминка од дома. Од оние кои штом ќе ги видите ќе сфатите дека имале непроспиена ноќ, благодарение на темните кругови под очите. Од оние кои косата ја „врзуваат“ со молив.

Оние кои  кога ќе се погледнат во огледало се насмевнуваат бидејќи немаат ниедно влакно на право место. Нив им се плашам.  Им се плашам на оние жени кои ги забележуваат деталите, на кои скоро никој не им обрнува внимание.

Се плашам од оние жени кои постојано брзаат, но сепак застануваат да сослушаат некој странец, пријател, дете. Се плашам од оние жени кои на „преубава си“ поцрвенуваат и се засрамуваат, оние кои љубоморно го чуваат цветот од сончоглед што ѝ сте го подариле, додека не му се исуши и последното ливче, ќе се откине и ќе падне на подот, губејќи се во праината, под плакарот.

Се плашам од оние жени кои им се насмевнуваат на животот, секој ден, иако имаме илјада причини да бидеме намуртени, оние кои навистина умет да слушаат оние кои сакаат да биде убави одвреме – навреме. Само за некој.

Се плашам од оние жени кои умеат да плачат. Умеат да продолжат напред, без да се свртат назад.

Се плашам од оние жени за кои вреди да се остани. Но, пред сè, се плашам, кога остануваат, а вие сте премногу расеани да го забележите тоа.

Абду Мбак Диуф

Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …
Кога лојалноста преминува во слугување по секоја цена, тогаш нема ни Л од лојалност
Лојалноста е важна компонента на секој бизнис. Не само што ви требаат …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…