Во недела го славиме празникот Цветници, кога се слави триумфалното Христово влегување во Ерусалим, откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар.
Кај оние кои го постат Велигденскиот пост на трпезата во недела ќе се најде риба, но секако во чест на празникот сите можат да подготват риба по нивна желба на овој ден.
Ние пронајдовме рецепт за печени котлети од крап, што е далеку поздраво од пржената верзија. Доколку сакате на еден поинаков начин да го подготвите крапот, погледнете го видеото и проверете го рецептот.
Печен крап
Состојки:
1,5 кг крап
1 чаша пченично брашно
1 чаша пченкарно брашно
Подготовки:
Крапот се сече на парчиња, се посолува и се остава да отстои најмалку два часа. Измешајте ги пченичното и пченкарното брашно. Парчињата крап валкајте ги во брашното и наредете ги во плех претходно обложен со хартија за печење. Прелијте ги наредените парчиња со малку масло. Ставете ги да се печат на 200 степени околу 15-20 минути. Кога од едната страна парчињата крап ќе добијат златно-жолта боја, тогаш превртете ги од другата страна да се печат се додека не добијат исто таква боја..