Во рамките на музичкиот маратон „СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА” се одржа промоција на книгата „Музика” од битолскиот историчар и хроничар на Битола, проф. д-р Александар Стерјовски.

sterjevski

Во оваа книга, која брои 360 страни, се опфатени Балканскиот полифоничен амбиент, традиционалните и европски инструменти, битолски инструменталисти, битолскиот музички амбиент, хорови, оркестри, концерти, гостувања, почеток и работа на основното музичко училиште во Битола и многу други сегменти важни за богатата музичка историја на Битола.

sterjevski 4

Ова е осма книга по ред од серијалот „Битолско десеткнижие” и перфектно концепциски се вклопи во целиот настан „СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА” со што се створи една уметничка симбиоза на пишаниот збор и уметноста, а оваа книга не само што е посветена на нашиот град – Битола, туку таа е направена намерно и смислено, најмногу со желба да се даде прилог кон одбележувањето на големиот јубилеј на Музичкото училиште „75 години од основањето”.

sterjevski 8

“… Во отсуство на монографија или посериозен научен труд за музичкото училиште, нека оваа книга биде честитка и топла благопожелба да продолжи со помали проблеми во работата, со истиот елан и со уште поголеми успеси….” – запиша за да не се заборави, нашиот реномиран битолски професор Александар Стерјовски.

sterjevski 2

При промоцијата на книгата медијатор беше директорот на Државното музичко училиште Кирил Стојчевски, извадоци читаше актерот Петар Мирчевски, а промотор беше битолчанецот, професорот Сашо Татарчевски, реномиран диригент и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Целиот настан заврши повторно во духот на музиката со завршен концерт кој што го заокружи овој музички маратон во чест на Битола.

    Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот
    Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да ти плачи. Колкупати ги …
    Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни
    Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

    Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

    За лицемерното смирение…

    Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

    Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

    Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

    „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

    Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…