„На Поклади“ е новиот роман на Љубе Б. Митрејчевски, во издание на ИК „Матица Македонска“- Скопје.

314714282 5385137431614113 6946776445802557520 n

Романот  го опишува битово-рустикалниот живот на селанецот кој не ѝ го знае ликот на парата, необразован, но не и неписмен, воениот виор на Втората светска војна и кога и како почнува да се гради социјалистичкиот голем, светски систем кој остави секакви мерливи и немерливи траги – кои се бележити симболи за – сè што дошло, нека влезе и нека си замине по патот свој, битно е човештината да остане во човека.

314857374 1049964932366794 3201509712824556822 n

Писателот Митрејчевски направил суптилен преглед на адетите кои се дел од традицијата на македонскиот човек за празникот Поклади – Прочка, со тоа македонската книжевност и фолклористика добиваат извонреден документ со соодветна лексика за како и на кој нашите претци го празнуваат овој значен христијански празник кој во суштина значи помирување на небото со земјата низ вистински, сега романескни настани.

Писателот Љубе Б. Митрејчевски (1960) е роден во Слоештица, Демир Хисар. Член е на Друштво на писатели на Македонија, се занимава со раскажувачка и собирачка дејност. Досега ги има објавено делата:„Секојдневни надмудрувања“ I и II дел, „Нати-Дајми“, Балади:„Патот на болката“, раскази „Облазна судбина“, за деца: „Крај барата“, „Жива азбука“, романи „Белегзија“ и најновиот „На Поклади“ кој беше промовиран во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар.

314408517 166596289390001 8786424175740785208 n

Промотори на  книгата беа писателите Добре Тодоровски и Биљана Т. Димко, а  настанот го збогати и драматизаираниот извадок од „На Поклади“ – секој на крајот бара простување од некого во кој учествуваа членови на Драмското студио во режија на Гоце Димовски.

Предавање на теми од книгите на проф. д-р Зоран Крстевски во битолската библиотека
Пред преполната сала во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, предавање одржа проф. …
Марко Николиќ албумот првенец ќе го промовира и во Македонија
Марко Николиќ по 20 години професионална музичка кариера во која неговото име …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

Смела и гламурозна креација на Александар Ортак за матурски фустан

Матурската прослава е крајната точка на едно прекрасно животно поглавје исполнето со…