takec kniga

После голематата промоција на Саемот на книга во Скопје, конечно романот „Капињера“ од Гордана Такец ќе биде промовиран и во Битола,  на 7 мај во 18 часот во книжарницата Books`s House во Битола, така што читателската публика ќе има можност да се сретне и дружи со авторката. Романот веќе е достапен низ книжарниците низ Македонија.  Издавач е ИК „Сакам книги“ кои пријатно изненадуваат со фактот дека покрај странските автори, со посебен третман  ги промовираат македонските автори како што е и слоганот на едицијата : НАШИ, А СВЕТСКИ.

viber image 2024 05 06 09 41 30 022

Гордана Такец има богата животна и професионална биографија, многупати досега изненадува со острината на своето перо – со тоа што читателите им дава вистински приказни избрусени низ писателските раце –  па така и сега со „Капињера“- таа само ја раскажа на еден суптилен начин првата љубов на нејзиниот татко  – на битолчани добро познат, новинар, хроничар, интелектуалец  Димитар Димитровски Такец.

viber image 2024 05 06 09 41 30 491

Таа има шеснаесет години. Се вика Луна, најубавата Еврејка во градот. Такец има осумнаесет години. Се засакуваат, лудо, искрено. Исконски нож кој отсекогаш ги сечел ваквите врски, посилен дури и од најсилната љубов. И што кога бесмисленоста на војната алчно ќе ги проголта невините, неделжните? Ќе остане тага, празнина и молк. „Големите љубови остануваат големи тогаш кога нема до крај да се остварат или…не се реализираат затоа што се големи?

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…