manaki film

Вечерва, 5 април, во Кино Манаки со почеток од 20 часот ќе се прикаже премиерата на првиот македонски филм снимен на турски јазик, во режија на познатиот турски режисер Сердар Акар „Најтешкото нешто“ .

Купете си влезници еден час пред проекциите по цена од 100 денари.

„Најтешкото нешто“ е современа драма која прикажува неколку испреплетени животни судбини, чии патишта се вкрстуваат. Дејствието на филмот е драма за денешницата, за време на преживување на најтешките ситуации во животот, како и за тактиките кои се користат за да се надминат предизвиците. Приказна за животи кои згаснуваат и надежи кои расцветуваат.

Режија: Сердар Акар

Сценарио: Оливер Ромевски

Улоги: Ердал Бешикчиоглу, Белчим Билгин, Ертан Шабан, Халил Ерѓун, Луран Ахмети, Бедиа Бегова, Сара Климоска, Сузан Акбелге, Џенап Самет, Дениз Абдула, Ивана Павлаковиќ, Ерман Шабан, Неат Али, Осман Али и многу други.

Продуценти: Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од Сектор Филм, во соработка со турската продуцентска куќа Ен-Те-Џе Медиа (NTC Medya). Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…