coek

Во забрзаниот модерен свет, каде сите настојуваат да ги задоволат своите потреби и желби во истиот момент, особината наречена трпение не е баш добро развиена кај сите.

Меѓутоа, единствено што треба е да ѕирнете во душата на личноста која ја има оваа особина за да ја осетите силата акомулирана во неа. Плашете се од гневот на стрпливиот човек бидејќи во него лежи огромна моќ искована во огнот на трпението.

Трпение не е само способност да се издржи тестот на времето или околностите. Трпението е уметност за одржување на внатрешна хармонија и смиреност, дури и кога светот околу нас изгледа хаотичен и неправеден. Стрпливата личност има голема контрола над своите емоции што ја прави постојана и константна во соочувањето со препреките.

Можеби една од најневеројатните особини на трпеливата личност е нејзината способност негативните емоции да ги трансформира во конструктивна енергија. Наместо да се препушти на лутина и иритација, стрпливата личност знае како да ја насочи својата енергија на решавање проблеми или постигнување на целта. Нешто слично како ковачот кој го користи чеканот и наковалната за од необработен метал да добие обработено парче.

Велат дека мирот и тишината се неговата најголема сила. Трпеливата личност е во состојба длабоко да навлезе во суштината на проблемот, да го испита секој нареден чекор и да донесе исправна одлука. Оваа способност да гледа далеку нанапред и овозможува да делува со доверливост и одлучност дури и во најтешките ситуации.

Плашете се од гневот на трпеливиот човек, затоа што тој ја знае силата на трпеливоста не само за себе, туку и за тие околу него. Неговата способност да остане мирен и сочуствителен дори и во најстресните ситуации го прави главна поддршка за другите. На него не влијае расположението на масата, не дозволува емоциите да го совладаат а со својот пример ги инспирираат другите на самоконтрола и храброст.

Мора да се спомне и внатрешноста состојба на трпеливата личност. Нешто повеќе од само смиреност се собира во неговата душа – тоа е длабоко чуство на ментална рамнотежа и издржливост. Овие особини го прават како непоколеблив планински венец кој ништо не може да го помести.

Бесот на стрпливата личност е како лавина која секој момент е се појака и појака. А кога еднаш ќе избие, како од вулкан, станува исклучиво тешко да се запре. Трпеливите луѓе не пукаат лесно, но кога ќе пукнат тоа е како да се отворил пеколот.

Важно е да се знае дека само силните поединци имаат трпеливост и заслужуваат почитување, но нивното трпение не смее да се злоупотребува. Личностите кои го прават тоа си играат со оган и постои голема можност не само да ги уништите односите со таа личност, туку и да се сретнете со ѓаволот лично!

Пчелите се најважните суштества на планетата без кои нема живот
Меѓународниот институт Earthwatch ги прогласи пчелите за најважни суштества на планетата Земја. …
Приказната на Љубљана – градот на мостовите и утринска магла
Пишува: Сара Танаскоска Секое утро во Љубљана е со ист ритам. Сончевата …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…