problem

Ако убаво размислите ќе сфатите дека всушност се нервирате за глупости и за ситници.  Ако во  вашиот живот немате проблеми како што се: смртоносна болест, болно дете, живеете на работ на сиромаштијата, постојан покрив над главата – неопходно е да се смирите за да го заштитите вашиот нервен систем,  развој на вистинска болест или предвремено стареење.

Едноставно е себеси да си обезбедите добро здравје и долг живот, проблемот е во тоа што повеќето луѓе не го разбираат едноставниот живот –  говорат руските лекари.

За да живеете долг живот, без болест, потребно е потполно да ги прифатите овие три работи:

  1. Сите болести влечат корени од претерано оптеретениот нервен систем – можеби звучи парадоксално, но колку повеќе проблеми има човек, станува сè понервозен, а притисокот кој го го создава нервозата, нè спречува да размислуваме со ладна глава и да пронајдеме решение.
  2. Нервозата потекнува од проблемите, ама реално не ги решава – гледајте вие да не си го комплицирате животот. Вистинска уметност е во денешново време да водите едноставен живот, да сте едноставна личност. Внимавајте со кого комуницирате и што бараат другите од вас – почесто запрашувајте што точно сакате вие, каде сакате да одите, што сакате да правите, ако она што го правите го правите по цена навашиот мир – тогаш е прескапа цената која ја плаќате. Сфатете, некои проблеми се решаваат –некои работи не се проблеми – само треба да ги прифатите.
  3. Ретки се ситуациите за кои вреди да бидеме презагрижени – обидете да не се вклучувате веднаш на шестка  гледајте од високо, така ќе добиете широка слика за сè што се случува околу вас. Во ред е да чувствуваме одговорност за она што го работиме, грижа за луѓето кои ни значат, но преголемата грижа и паника ништо не менува, освен вашиот притисок. Има работи на кои можете да влијаете има работи на кои не можете и тоа е во ред.

       Грижете се за себе додека не е доцна.

meblo trejd kabanici
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…