Во рамките на програмата на Интернационалниот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, успешно се одржа детската ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“, која ги обедини најмладите во духот на традицијата, креативноста и уметноста.


На работилницата учествуваа 75 ученици од осум основни училишта, заедно со 19 ментори, кои имаа можност да се запознаат со традиционалното ткаење и богатството на македонското културно наследство.
Низ практична работа и проекција на етнографски филм, децата учеа за вредностите на народната култура, а своето знаење и искуство со нив ги споделија Лилјана Христовски, Весна Дунимагловска, Анкица Стевановска, Веселин Поповски, Тони Гламчевски и Вера Соклевска.



Работилницата уште еднаш потврди дека традицијата најуспешно се чува кога љубовта кон културното наследство се пренесува на најмладите, кои со својата креативност ѝ даваат нов живот и нова инспирација.
фотограф | Сашо Ставрев








