Песната „ДНО“ e четврта песна од албумот во подготовка „НЕ“ на Александар Гулевски. Објавена е неодамна, по речиси една година од излегувањето на песната „ДОМ“.
Аранжмански, „ДНО“ во голема мера се разликува од неговите претходни песни. Во неа доминираат жичени инструменти, кои функционираат оркестарски, а филмската атмосфера на песната, на моменти е надополнета со минималистички, прецизно отсвирени гитари.
Како и претходно, во духот на македонскиот dark wave, текстот е контемплативен и повикува на размислување. „ДНО“ зборува за човековото оддалечување од целта, за барањето вредности само во материјалното и за целосното отсуство на етичкиот императив кај луѓето.
Песната е снимена во студиото „Црноризец Храбар“ во Битола, а спотот за песната е направен во соработка со CottonBro Studio.