knigi bibli
431115902 813913380777648 1533580358045410383 n

Карпа на бесилките – Ирса Сигурдардотир

На едно мрачно вулканско поле во околината на Рејкјавик се наоѓа Карпата на бесилките. Тоа порано било место на кое се вршеле погубувања, а сега е туристичка атракција. Сè додека едно утро полицијата не најде човек обесен таму.

Клинецот закован во неговите гради докажува дека не се работи за самоубиство. Но, кога полицијата ќе влезе во станот на жртвата, наоѓа уште една загатка: таму е оставено едно четиригодишно дете. Се чини дека тоа нема никаква врска со жртвата. Од неговите родители нема ни трага ни глас, а цртежите што ги црта покажуваат дека било сведок на нешто ужасно. Додека детективот Хулдар се обидува да го најде убиецот, а детската психологинка Фреја ги бара родителите на момчето, мистеријата добива мал зрак светлина.

Совпаѓање – Харлан Кобен

Вајлди порасна не знаејќи ништо за неговата фамилија, уште помалку за неговиот сопствен идентитет. Сè што знае е дека, како малечко момче, бил пронајден како живее дивјачки живот во планините Рамапо во Њу Џерси. Тој стана познат како момчето од шумата.

428514826 813913397444313 2972576761874277556 n

Сега истражува на генеалошка интернет-страница. Ја внесува неговата ДНК. 100% совпаѓање. Неговиот татко. Се среќаваат, и тој сфаќа дека татко му не знаел дека има син. Тоа не го обесхрабрува да продолжи да бара членови од неговата фамилија, но се вплеткува во заедница на онлајн-доксери, тајна група која разоткрива анонимни тролови. Кога доксерите еден по еден умираат, станува јасно дека се мета на сериски убиец – и дека следната жртва би можел да биде самиот Вајлди… „Совпаѓање“ е продолжение на хит-трилерот на Харлан Кобен, „Момчето од шумата“. Со фасцинантни портрети на ликовите и експлозивна акција, Кобен создава привлечен и непредвидлив трилер, кој е возбудливо „возење“ и во реалниот и во виртуелниот свет.

428510036 813913400777646 737702641382977559 n

Долга реса крај морето – Изабел Аљенде

Кон крајот на граѓанската војна во Шпанија, илјадници луѓе ја напуштаат земјата и преку Пиринеите бегаат во Франција. Меѓу нив се наоѓаат Росер, млада бремена жена, и Виктор Далмау, воен лекар и брат на загинатиот татко на детето на Росер. Со цел да преживеат, принудени се да склучат договорен брак.

Потоа, заедно со уште две илјади шпански бегалци, успеваат да се качат на легендарниот брод „Винипег“, со кој познатиот поет Пабло Неруда, еден од ликовите во романот и чилеански конзул во Париз во тоа време, ја организира нивната евакуација во Чиле, држава што самиот Неруда ја опишува како: „долга реса крај морето“.
На новиот континент тие мора да се соочат со многу предизвици и во текот на неколку децении успеваат да живеат интегрирани во новата татковина, сè до државниот удар што ќе го собори претседателот Салвадор Аљенде, пријател на Виктор во играњето шах. Виктор и Росер повторно мора да го напуштат домот, но потоа, како што вели авторката: „ако човек живее доволно долго, круговите се затвораат“.

Заследи ме – Јордан Коцевски

Зафаќајќи се со современа тема, Коцевски си игра со логиката на денешната култура, која и тоа како е моделирана од социјалните мрежи. Марина, главниот лик, позната инфлуенсерка, ќе се најде во ситуација во која ќе мора да ги преиспита своите вредности и вредностите што ги пропагира на нејзиниот Инстаграм профил.

428507611 813913370777649 649678745715984882 n

Низ процесот, таа освестува елементи на „сајбер булинг“, на семејно насилство, па и на лицемерие, што една ваква активност ги поттикнува. Со тоа, Коцевски суптилно зборува за одговорноста на инфлуенсерот, но и за тоа колку за инфлуенсерството може да се зборува како за вистинска професија. Ненаметлива и со доза хумор, „Заследи ме“ го продолжува трендот на Коцевски, кој со романот „Тегли“ веќе ја најави неговата поетика на трилерот. Со леснотија, тој успева да фрли светлина на не толку пријатни нешта. На површина излегуваат многу прашања врзани со интригата, со лицемерието, и со сите лажни облици на денешното живеење, а Коцевски успева вешто да ги разобличи…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…