nesto konkretno jordan

Во минатонеделното издание на „Нешто конкретно” Снеже Велков своите гости ги праша дали жената треба да е врзана за домот, а мажот за кариерата? Да се држиме до традицијата или да одиме кон новите правила?

Гостите со особено различни ставови на оваа тема беа Горан Герасимовски, Драгана Спасовска, Јордан Митев и  Др. Даниела Цветановска Стојчева.

И додека мажите во студиото влечеа малку повеќе кон традиционалната страна, жените беа полиберални. Даниела се изјасни дека таа обожува да готви по дома, бидејќи љубовта доаѓа преку стомакот, но смета дека и треба да се посветува на својата кариера и личниот живот, додека Драгана по готвењето не е, според неа треба да се посвети целосно на кариерата, а кога ќе го пронајде вистинскиот партнер со него ќе јаде по ресторани.

dragana min
meblo trejd mialnik

Традиционалниот маж, како што соговорниците на шега го нарекоа Јордан Митев остана на ставот дека во домот мора да постои лидер, но нагласи дека тоа може да биде и жената и оти не смета дека секогаш мажот мора да го води домот. Градоначалникот на Центар со задоволство раскажа како самиот некогаш знае да зготви нешто по дома, а што се однесува до жената тој не се согласува дека таа мора да биде врзана за домот, напротив, нагласи дека ја поддржува во патот на нејзината кариера и дека заедно и подеднакво се грижат за се дома. Гледајте „Нешто конкретно” на Телма секоја недела во 17.00 часот.

*Читај бе е медиумски партнер на емисијата Нешто конкретно

jk kipar
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…