nesto nonkretno so zoki

Мелита Ракичевиќ, Зоки Фаци, Илина Арсова и Давид Давидовски во „Нешто конкретно” на тема „Дали скромноста е доблест или маана”.

Познавајќи ги нашите гости и нивниот начин на живот публиката сигурно веднаш ќе пресуди дека тие се сосема нескромни, но во новото издание на нашата емисија ќе откриеме дека секој од нив има две страни, односно скромна и нескромна.

3

Зоран Василевски изјави дека започнал како скромно момче, но животот и работата која што ја работи го направила нескромен. „Особено кога го открив канцерот пред две години одлучив да не бидам скромен затоа што еднаш се живее и сега животот го живеам стотка на саат”, изјави тој.

2

Мелита Ракичевиќ е особено горда на својата кариера затоа што иако имала можност да добие помош од дома, таа својот бизнис го отворила со сопствени пари. Но сепак за себе вели: „Не можам да кажам дека сум скромна кога пијам скап шампањ”. Таа од самиот Зоки Фаци во емисијата доби признание дека она е виновникот за неговата успешна кариера.

4

Во емисијата ќе слушнете и за тоа како Илина Арсова успева да си организира патување на кое што ќе потроши помалку пари од некој што во Скопје троши за еден викенд. Таа е скромна во изгледот, но нексромна во амбициите, подвизите и целите. Првата Македонка која ги искачила највисоките врвови на седумте континенти за својата скромност ќе каже дека тоа потекнува од дома, од домашното воспитување, но секако голем удел во таа скромност има и планината.

1

Водителот Давид Давидовски нескромно си даде признание дека е најдобар шоумен, но затоа скромно призна: „Најдобар водител не сум, имам уште многу да учам”. За себе смета дека е „алфа мушкарац”, а не „транвестит како Боки” како што го нарече тој.  

*Читај бе е медиумски партнер на емисијата  Нешто конкретно

meblo trejd
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…