Operation Fortune

Специјалниот агент Орсон Фортун и неговиот тим на оперативци регрутираат голема холивудска ѕвезда за да им помогне во нивната тајна мисија да ја спречат продажбата на смртоносно ново оружје кое ќе го измести светскиот поредок.

Жанр:Акција

M3GAN

М3ГАН е чудо на вештачката интелигенција, жива кукла програмирана да биде најдобар придружник на детето и најголем сојузник на родителите. Дизајнирана од брилијантна роботичарка во компанија за играчки, Џема ( Алисон Вилијамс), М3ЕГАН може да слуша и гледа и учи додека станува пријател, учител, другар и заштитник, за детето за кое е поврзана. Кога Џема ненадејно станува старател на својата 8-годишна внука, Кеди ( Вајолет МекГроу), таа е несигурна и неспремна да биде родител. Под силен притисок на работа, Џема одлучува да го спои нејзиниот прототип од М3ГАН со Кеди во обид да ги реши двата проблеми – одлука која ќе има незамисливи последици.

Жанр:Хорор, Трилер, Научна фантастика

Babylon

Приказна за преголема амбиција и нечуен успех, ги следи подемот и падот на неколку ликови низ ерата на нескротлив раскош и изопаченост во раниот Холивуд.

Жанр: Драма, Историски, Комедија

327150453 896170231626922 9077786344071056079 n

The Amazing Maurice

Филмот ја раскажува приказната за Морис, голема мачка која зборува и патува од град во град, нудејќи да ги реши нивните ненадејни проблеми со стаорци. Го открива Кит, младо момче кое знае многу добро да свири на флаута, а стаорците маршираат надвор од градот, на олеснување на граѓаните. Морис и парите добиени од благодарнот град одеднаш исчезнуваат и тој се појавува на пристојно растојание да ги преброи парите со Кит и стаорците! Но тоа не се обични стаорци – тие зборуваат и носат облека и сонуваат за рајски остров каде стаорците и луѓето живеат заедно во мир. Се’ оди добро со нивната „стаорска измама“ додека не дојдат до градот Бед Блинц, каде сретнуваат девојка опседната со книги, Малиција, која ги води во авантура да ја решат мистеријата на нејзиниот град…

Жанр: Анимиран / цртан, Авантура

Повеќе на 3Д кино Битола

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…