насловна

Никола  В. Ристевски (1995) е поет, раскажувач и драмски писател од Битола, по професија дипломиран правник.

Вљубеник во македонскиот јазик и македонската народна книжевност, најверојатно ќе се вброи во најмладата генерација на собирачи кои макотрпно ги ископуваат тајните на зборовите, песните, обичајните настани.

Она што го прави посебен е благородничкото размислување за светот кој го опкружува, интелигентниот хумор и брзата и длабока аналитичка мисла.

Неговиот  поетски израз е збиен и привлекува особено толковно  внимание од читателот.

Рубриката „Друмски созерцанија“ ја отвораме со трите песни кои ги сподели со нас Никола В. Ристевски.

viber image 2023 01 23 07 30 52 867

САМО ПОСАКАЈ

Посакај зрнце од пустините –

во лето едно, со срце жедно

ќе тргнам, со виор ќе го најдам,

во косата твоја ќе го ставам,

ќе простувам, без глас ќе зборувам

со усните неми, помодрени.

Само посакај…

Посакај капка од пороите –

во денот тажен, со насмев лажен

ќе јурнам, со громот ќе ја зграбам,

на усните твои ќе ја ставам

и ќе горам, сред жар ќе се борам

со рацете – гламни исцрнети.

Само посакај…

Посакај тревка од градините –

во пролет цветна, со душа клетна

ќе појдам пеш дури да ја скинам,

под клепките твои ќе ја ставам

и ќе итам, без компас ќе скитам

со нозете – меса раскрвени.

Само посакај…

Посакај ѕвезда од небесата –

во ноќта мрачна, со болка мачна

ќе вивнам, од сводот ќе ја симнам,

на челото твое ќе ја ставам

и ќе јачам, без солзи ќе плачам

со очите слепи, побелени.

Само посакај…

САМО ПОСАКАЈ

Посакај зрнце од пустините –

во лето едно, со срце жедно

ќе тргнам, со виор ќе го најдам,

во косата твоја ќе го ставам,

ќе простувам, без глас ќе зборувам

со усните неми, помодрени.

Само посакај…

Посакај капка од пороите –

во денот тажен, со насмев лажен

ќе јурнам, со громот ќе ја зграбам,

на усните твои ќе ја ставам

и ќе горам, сред жар ќе се борам

со рацете – гламни исцрнети.

Само посакај…

Посакај тревка од градините –

во пролет цветна, со душа клетна

ќе појдам пеш дури да ја скинам,

под клепките твои ќе ја ставам

и ќе итам, без компас ќе скитам

со нозете – меса раскрвени.

Само посакај…

Посакај ѕвезда од небесата –

во ноќта мрачна, со болка мачна

ќе вивнам, од сводот ќе ја симнам,

на челото твое ќе ја ставам

и ќе јачам, без солзи ќе плачам

со очите слепи, побелени.

Само посакај…

БЛАЖЕНО ПОЕТУВАЊЕ

На Блаже Конески

Пред гробот на Блаже, простум

чмае еден поет млад

со ветви чевли и искинат костум,

блед и беден, пресушен од глад –

во дождовна бара лик свиден

ко призрак в огледало виден.

Втренчен, тој во штурост се ѕвери

со уста зината без глас,

за да проговори храброст бери,

чкрипат заби да искршат мраз,

крв и отров од непца да тече,

згрчена уста болка ја пече.

Лутата јанѕа в душа штом стивна,

солен извор од очите бликна,

силен оган в градите вивна –

младиот поет со шепот викна:

„Учителе, поет сум или прав;

ќе се чита сал мојот епитаф?!“

Во молкома сура сенката стежна,

од дамари грлен одѕив да спаси,

блажена нишка со суровост нежна

стишија вези – стихум се гласи:

„Ефемерната мисла грабни ја в ловеж –

за злобните очи суров ќе си бодеж.

Исправи глава, о поету млад,

ти – феникс в пеплишта запретан:

словото ќе го храни твојот глад

да пееш, на вечноста завештан!“

Беше ли тоа блажениот збор;

беше ли глас на потсвесен прекор?…

Пред гробот на Блаже, простум

чмае еден поет млад

со ветви чевли и искинат костум,

блед и беден, пресушен од глад –

во дождовна бара лик свиден

ко призрак в огледало виден.

(По повод одбележувањето на 100 години од раѓањето на Блаже Конески.)

ЗАВЕШТАНИЕ

Ни останало завештание за векутуми:

Македонија да биде фреска на Балканот,

да ја вардиме и никако да ја довардиме.

Да направат Македонии многу –

да сочуваме Македонци малку.

Да се родиме под шеснаесет краци,

да живееме под осум зраци –

зар ќе умираме во црни мраци?

Та кренавме крст до небото,

соградивме црква во срцето,

за бели мугри под сонцето!

viber image 2023 01 23 07 30 50 178
Омега-3 масни киселини: зошто се важни за здравјето на крвта?
Омега-3 масните киселини се неопходни за одржување на здравјето на крвта и …
Дали луѓето кои често плачат психички се посилни од другите?
Луѓето кои често плачат се категоризираат како премногу емотивни. И додека некои …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…