rosary 1211064 1280

Многу од нас се збунети, изгубени, повредени и тажни – затоа што сѐ уште не сме научиле да разговараме со Бог.  Несфатливо ни е неговото влијание. Обично се молиме за работи кои не се најдобри за нас, а сепак се надеваме дека нашиот живот ќе има поинаков тек. Некогаш мислиме дека тој – Бог не разбира што всушност нас нѐ прави среќни.

Но, најзадоволни и најсреќни луѓе се оние кои пронашле љубов и вера кон Бог. Ќе ги препознаете по тоа што имаат голема сила да се соочат со предизвиците во животот, така што често тие луѓе им се инспирација  и на другите околу нив. Другите посакуваат да ја имаат нивната способност да им простуваат на другите и нивната леснотија на пуштање на оние нешта кои не можат да бидат контролирани.

Тајната на нивниот духовен мир е во тоа што тие луѓе имаат доверба во Бог. Не се оптеретуваат со милиони мисли во секунда, не се плашат од непознатото ниту се губат во своето минато. Насочени се во сегашниот момент, мирно и со благодарност прифаќаат сѐ што се случува. Овие луѓе откриле дека клучот за среќа е љубовта кон Бог. Кога ќе ја пронајдеме таа љубов, ќе го рабереме животот подлабоко – многу луѓе токму тогаш почнуваат да живеат, а Бог го прифаќаат како свој водач и глас.

Луѓето кои го пронашле Бог, знаат дека тој е доволен извор на радост и задоволство во животот. Не им зависи нивната среќа од другите, туку го одржуваат својот мир преку својата вера. Кога еднаш ќе спознаете дека Бог е со вас и дека е сѐ што ви треба, не се сомневате во себе и своите одлуки. Се чувствувате целосно и повеќе не барате  среќа надвор од себе.

Нашата потрага за смисла во животот најчесто завршува тогаш кога ќе го спознаеме Бога. Така, лесно ќе чекориме низ животот, неважно колку ни е тежок патот. Имаме уверување дека сме заштитени и сакани – а во суштина тоа е сѐ што ни треба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…