По покана на Генералниот конзул на Република Грција во Битола Н.Е. Александрос Видоурис 50 најмлади членови при Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола денес беа во посета на Генералниот Конзулат.

монмартр грчки конзулат 3

Поводот беше посета на Изложба на детски ликовни дела кои Генералниот конзулат на Република Грција во Битола во соработка со Детско ликовно студио ја има поставено во просториите на Конзулатот.

Најмладите членови на ДЛС се запознаа со Генералниот Конзул кој им посака добредојде:

„Пред се ми е мило што денес сум ваш домаќин. Дотолку повеќе што како Конзул на Грција во Битола сум привилигиран во објектот да имам детски ликовни дела кои се создадени на тема староградска архитектура од ваши соученици на Малиот Битолски Монмартр од цел свет и го претставуваат градот во кој јас работам. Благодарам што не посетивте пред Божиќните празници и воедно би сакал да истакнам дека следната покана за посета ќе е набрзо за вашиот Божиќ кога вие ќе испеете божиќни песнички, а ваши другарчиња од Грција традиционални грчки” – истакна конзулот Видоурис.

монмартр грчки конзулат 9

Најмладите членови на ДЛС на Генералниот конзул на Грција во Битола и персоналот им го честитаа Божиќ и Новогодишните празници. При посетата традиционално се фотографираа и пред Новогодишната елка.

„Со Н.Е. Видоурис контакт остваривме веднаш по неговото мандатно назначување на позицијата Генерален Конзул на Република Грција во Битола. Оваа изложба ја реализиравме по повод националниот празник во Грција, а на негова покана. Така и одлучивме дека најмладите наши ученици треба да ја погледнат затоа што очекуваме со нивните активности во ДЛС да го трасираат патот еден ден и нивни дела да красат ѕидови на установи и институции низ цел свет како млади ликовни таленти и уметници”. – истакна Елена Хаџи-Антоновска – Претседателска на ДЛС.

Интервју со Владанка Крстевски: Комедијата е најтешка за играње, но и најискрена
Публиката ја познава како водителка на емисијата „Качамак“, но Владанка Крстевски сигурно …
Бутин: Одбери ја силата што ќе те одведе до (не)нормалното – Њутнови закони
Сакаш да се движиш само по права рамна линија, и тоа по …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…