Филмот зборува за младите и нивните размислувања – зошто би останале да живеат и да работат во Битола, што е она што ќе ги мотивира да не ги спакуваат куферите и да ги бркаат своите соништа илјадници километри подалеку од својот роден град.
Загрижувачките одговори кои ги доби на анкетните прашалници како дел од магистерски труд на Сара Трајчевска, од Битола, дипломиран новинар на Универзитетот во Констанца во Романија, беа повод да се сними краткиот документарен филм „Младите се иднината“.
Своите размислувања на темата, зошто младите да останат да живеат и да работат во својот роден град ги раскажуваат и Сара Мицевска и Марија Тасевска, успешни студентки кои сакаат да останат во Битола и тука да се развиваат на професионален план, но и да придонесат за посветла иднина.
Сценариото е на Сара Трајчевска, снимател и монтажер Саше Богоевски во режија на Маја Богоевска.
Проектот е во реализација на Здружението БСМ Битола во соработка со Битолски онлајн магазин Читај бе и Креатив Продукција.
Филмот беше промовиран на 9.10.2022 година во Кино Манаки.
Фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски