Учениците на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола со огромен успех на 21. издание на светската детска ликовна изложба по конкурс, а во организација на Министерството за образование на Романија – градската Општина Липова и Липова детскиот ликовно креативен клуб од Романија.
„Конкурсот во Романија кој во основа е организиран од тамошното Министерство за образование ни е еден од побитните во текот на една календарска година бидејќи знаеме дека Жири комисијата е составена од исклучителни експерти во областа на детското сликарство.
На истата учествуваме 21 од 21 години колку што и трае, и редовно сме имале успеси но овој е најголем до сега и сме особено горди на нашите ученици.” – изјави Елена Хаџи-Антоновска – претсетдател на ДЛС.
На 21. издание на светската детска ликовна изложба по конкурс во организација на МОН на Романија, ДЛС учествуваше со 21 дела на 21 свои ученици од девет ученици се здобија со медали а 12 со дипломи.
„На конкурсот на МОН на Романија учествуваа над 20 земји кои формираа фонд од над 5.000 детски ликовни дела. Ова е само една третина од повикот како оваа манифестација има три сегменти и тоа фотографија, ракотворби и ликовна уметност со што бројката на учесници – ученици е значително поголема.
Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола согласно Билтенот е единствено кое ја престави Македонија на што повторно сме горди затоа што не има насекаде и гордо си ги промовираме државата и градот Битола.
Изненади обемот на први места или златни медали кои се доделени на 3 наши ученици и тоа секој во својата возразна категорија. Први места – златен медал имаат Леа Стерјев – Маргарита Велјановска и Ана Полизовска.
Освоени се и три сребени медали и тоа од страна на учениците: Андреа Ресановиќ, Андреј Миленковски и Ромина Ресановиќ како и три бронзени медали доделени на: Ангела Бошевска, Јана Мојсовска и Јана Талеска.
Темата изминатите години премина во традиционална и е насловена како „Боите на есента” a заедно со Сертификатите добивме и Покана за учество за 22. издание 2О25 година како почесни учесници, а поради прикажаниот квалитет во континуитет.
Ова е одличен показател дека Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и оставено само на себе, но благодарение на тимот – учениците и родители функционира одлично по основните постулати востановени пред 57 години. И тоа ни е најбитно”. – истакна Славчо Неделковски – претседател на УО при ДЛС.