Сакате куче, но живеете во стан. Но, тоа не значи дека треба да се откажете од желбата да го имате овој верен пријател до вас.
Постојат раси кучиња кои заради својата големина се создадени да ви прават друштво доколку живеете во стан. Поради нивната мала големина, овие кучиња се помалку проблематични за капење и одржување, а освен тоа, не заземаат многу простор кога ќе го зафатат местото под вашиот јорган в кревет.
Малтезер
Малтезерите се навистина благодарни кучиња кои не бараат многу ангажирање. Иако уживаат во гушкање со луѓе, вие навистина не им сте потребни за да се забавуваат. Тоа значи дека нема да станат деструктивни ако ги оставите сами дома неколку часа, но и нема да ви скокаат во скут додека работите нешто друго. Исто така, малтезерите не се лигават па вашиот дом ќе биде уреден иако куче живее во него.
Бостон Териер
Еден од најголемите љубители на луѓе меѓу кучињата е дефинитивно Бостонскиот териер. Ова куче е едно од најлесните кучиња за одржување и со него ќе имате домашно милениче кое е многу разиграно и добродушно. Бостонскиот териер е полн со енергија, но неговите играчки се доволни кога не можете да си играте со него. Лесно се тренира и го сака друштвото со други кучиња, а особено добро се согласува со децата.
Џуџест континентален шпаниел (папилон)
Ова прекрасно куче е едно од оние кои луѓето најмногу ги занемаруваат кога бараат совршено домашно милениче. Иако се користат како терапевтски кучиња поради нивната висока интелигенција и сочувство кон луѓето, тие можат да бидат и многу приврзани миленичиња. Лесни се за тренирање и никогаш нема да имате проблеми со нив, без разлика дали ќе ви дојдат гости или ќе одите на прошетка до паркот. Иако изгледа дека бараат многу грижа поради нивната единствена долга коса, всушност им е потребна само повремена нега.
Чивава
Тука е и расата која го симболизира домашното куче. Во прашање е секако чивавата. Вистинско задоволство е да се чуваат овие кучиња во домот бидејќи тие не прават штета, лојални се на својот сопственик и се многу нежни. Покрај тоа, тие не се лигават и не бараат посебна грижа. Исто така, овие кучиња нема да ве убедуваат да ги прошетате 3 пати на ден, што навистина ги прави благодарни миленици.