krstarenje

Поминете 8 дена на Егејското Море, посетете ги Кушадаси и Ефес на турскиот брег и грчките острови Крит, Санторини, Миконос, Милос, посетете ја Атина.

viber image 2024 09 25 19 36 24 828

Едно од најпопуларните крстарења кај нас е Идиличниот Егеј. Крстарењето трае 8 дена (7 ноќевања) и вклучува застанувања во Кушадаси (Турција), Хераклион (Крит), Санторини, Миконос, Милос и Пиреа (Атина). Осмиот ден бродот се враќа на почетната точка – Солун.

viber image 2024 09 25 19 37 06 969

Октомври е совршен за едно вакво патување. Ја нема  гужвата на  островите кои во текот на целото лето се  преполни со туристи, а вие ќе имате можност поинаку да ги доживеете единствените Санторини и Миконос, да уживате во најубавото зајдисонце.

mykonos 2061984 1280
миконос
church 2020258 1280
санторини

Кушадаси е најпрометното пристаниште за крстарење во Турција и е  едно од најпознатите туристички центри на Егејско Море. Големиот избор на хотели, богатиот и ноќен забавен живот, благата медитеранска клима, неговите плажи го прават Кушадаси една од наајпосакуваните дестинации за одмор. Шаренилото од мали продавници и  гостопримливоста на локалните жители се привлечни за секој турист и шопингот е неизбежен.

pexels mertal 260684801
pexels thomasronveaux 17277662

Крит е втората дестинација од ова  крстарење. Крит е остров кој повторно и повторно ве повикува да се вратите. Доволно е само еднаш да го посетите за да се поврзете со него и засекогаш да ве следи во животот. На ова незаборавно крстарење, ќе имате можност да  да се запознаете со богатата грчка историја, култура и традиции на локалното население и да ги пробате уникатните специјалитети од локалната кујна.

Chania 2
Chania 12
Chania
Balos beach 2

Санторини е познат како еден од најинтересните грчки острови по својата визуелност – со своите вулкани и бели куќички поставени наспроти живописното сино небо, не е тешко да се разбере зошто. Без разлика дали сте заинтересирани за фотографирање или едноставно  само ве воодушевуваат прекрасните погледи, Санторини ќе ве натера да воздивнете на секој агол. Бели или сини фустани, кошули, е она што треба да го имате  при посета на  овој прекрасен остров. Сувенири има на сите страни, а рестораните и баровите кои се  наоѓаат на самата  калдрма се  секогаш полни.

pexels apasaric 1285625
pexels alexazabache 3243019
pexels emily geibel 2132494 3772272

Островот Миконос е најпрестижната дестинација за одмор. Речиси и да нема светска ѕвезда која не го посетила овој остров. Тој е популарен како место за забава и деноноќни журки, но на островот може да уживате и во вистински луксуз. 

pexels tim raack 692540035 18140870
pexels axp photography 500641970 16563683

Посетата на еден  од најсончевите градови во светот токму во октомври е полн  погодок. Во Атина, сонцето сјае приближно 270 дена годишно. Атина годишно ја посетуваат  околу 18 милиони туристи а Акропол, Партенон и Храмот на Олимпија Зевс се три од многуте атракции што мора да се видат и кои привлекуваат милиони посетители  секоја година.

st peters square 177011 1280
athens 2476281 1280
greece 4513857 1280

Крстарењето е забава која треба да се доживее. Ноќен клуб, театар, барови, базен, ресторани со изобилство на храна… во ниеден момент  нема да  ви биде  досадно. Нареден термин е 20 октомври со поаѓање од Солун. Бродот нуди можност за  сместување во внатрешни и надворешни кабини ( цени од 1309 евра по лице).

ЦЕЛОСНАТА ПОНУДА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НА ЈК ТРАВЕЛ

ЦЕЛОСНАТА ПОНУДА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НА ЈК ТРАВЕЛ

JK Travel
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…