фустан

Матурската прослава е крајната точка на едно прекрасно животно поглавје исполнето со безгрижност, дружба, оформување на пријателства. Вечер која го отвора патот кон животот како возрасна личност, пат кој чека да биде исполнет со нови мисли, дела, труд, успех и верба во секој еден нов чекор.

viber image 2023 05 28 22 30 20 976

Изгледот за оваа вечер токму затоа е важен за матурантите, затоа што го покажува карактерот и подготвеноста да се отвори новата врата.

viber image 2023 05 28 22 30 26 659

Токму затоа, Александар Ортаковски, за оваа пригода, се потруди и со огромна љубов креираше нешто невообичаено, на кое напорно работеше за да ги исполни желбите за изглед на една девојка за оваа пригода. Three piece TAO парчето е искомбинирано во две бои кои совршено се вклопуваат во комбинацијата на два исклучителни материјали.

viber image 2023 05 28 22 30 08 716

,,Како и со секој клиент, кога работам на custom-made парчиња, прво најбитно ми е да ја почувствувам енергијата. И од таму започнува процес на осмислување на дизајнот. Матурата несомнено е red carpet настан на кој треба да сме гламурозни, но според мене мора сето тоа да се зачини со еден youthful chic и cool момент. Тие се годините, тоа е матурата. Сакав да направам нешто што е модерно, ново и уникатно, што во случајов во целост се совпаѓа со карактерот на Глорија. Така настана ова three piece custom TAO парче, во две бои, со комбинација на два исклучителнни материјали. Доминантна сјајна магнетна за пантолоните и ракавот, со богата мат црна во делот на корсетот” – вели Александар.

jk kipar
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…