friendship 2156171 1920

Не е нормално да се навикнувате на туѓото непочитување кон вашата личност. Не сте боксерска вреќа за истурање на насобрани туѓи фрустрации.

Живееме во доба кога е прилично тешко да се каже што е здрав, а што нездрав однос, затоа што и самото дефинирање на меѓучовечки однос е тешко, од ден во ден му се губи јасната слика.

Но, битно е никој од нас да не дозволи свесно да биде нечиј објект за вербално понижување, физичко насилство, ментална тортура.

Често луѓето се прашуваат  зошто тоа им се случува –  затоа што молчат, прифаќаат помалку отколку што заслужуваат.

Запомнете: престанете да ги следите оние кои си гледаат само за себе,  вие не сте нечиј моден додаток или украсен приврзок за клучеви.

За момент застанете, погледнете ги в очи луѓето на кои нешто им значите, кои сакаат да поминат време со вас, кои ви имаат дадено до знаење дека ве сакаат, но не сте биле расположени за ништо повеќе од едно обично познанство.

Немате сто животи да дозволите вашите денови да ви поминуваатво лошо расположение. Вратете се во детството, дали некогаш сте си дале себеси ветување што нема да толерирате, какви сакате да бидете кога ќе пораснете, па, немојте сè да остане на зборови, работете на делата. Никој не вели дека е лесно, но еднаш кога ќе се обидете да чекорите спроти силниот животен ветер, вашите соништа и идеали ќе ве водат сами до вашата цел.

Обидете се да ги разликувате пресметливите од луѓето кои ги почитуваат другите луѓе. Ќе сфатите колку сте чуле дотогаш празни ветувања и ќе стекнете чувство веднаш да ги препознаете. Ако некој не може да ви овозможи почитување кон вашата личност, тогаш таа личност не ви треба. Кога од една личност добивате почитување, тогаш од неа добивате сè.

meblo trejd stupcina
Свети Трифун – празник на лозарите и благослов за бериќетна година
Светиот маченик Трифун – заштитникот на лозарите и празнувањето во Македонија Светиот …
Полека умира оној кој не ги следи своите соништа…
Лесно умира тој што не патува, оној кој не чита, оној кој …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…