411077428 705459181681209 5022217373199480647 n

Ако ѓаволот не може од внатре да те заведе, почнува да те мачи надворешно – преку луѓето кои му се потчинети.

Затоа биди подготвен за ова страдање и очекувај ги непријатностите да ти дојдат на гости.

Еднаш ти се приближуваат пофалби, потоа укори, клевети и тешкотии од секаков вид.

Многу е важно да сфатиш кој ја предизвикува бурата, и сето тоа мирно да го поднесеш: непријателството против одредени луѓе треба да се претвори во непријателство против лукавиот кој стои позади нив и ги поттикнува на непријателство.

Кога ќе надојдат работи кои те натажуваат и лутат, обрати Му се на Бога и не му дозволувај на ѓаволот да ти пријде.

Ако не успееш во тоа, тогаш барем молчи додека не се совладаш. Потоа мирно и љубезно зборувај со другите.

Не им замерувај и не ги потсетувај на направената неправда. Само моли Му се на Бога лошите впечатоци во срцето да исчезнат што е можно побрзо.

Така ќе бидеш чист пред Него, Кој го води човекот чекор по чекор, преку неволјите кои чистат.

Тешко е без неволји да го победиме своето фарисејско самооправдување.

Преподобен Нил Сорски

извор: Православен источник

Филмски репертоар во кино Манаки за оваа недела
Празнувањата се зад нас, а новата година ја започнуваме со атрактивна филмска …
Што значи да се биде Битолчанец денес
Да се биде Битолчанец денес значи да носиш во себе богатство на …
meblo trejd trkalca
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…