kod 369

КОД 369 и Паркети ја претставија својата најнова заедничка песна и видеозапис „Vode nas svjetla“, наменета за публиката низ целиот регион.

Проектот е реализиран со поддршка на Croatia Records, а премиерно беше емитуван на CMC Televizija. Станува збор за песна во инди-поп стил, која носи летна атмосфера и раскажува приказна за претстојниот период исполнет со авантури, симпатии и случајни средби што можат да прераснат во долготрајни пријателства и љубови.

Музиката е дело на Сашо Паркет, текстот го потпишува Ирена Димовска, додека аранжманот е на Даниел Митревски и Сашо Паркет. Песната е снимена во студиото „Ателје“ на Даниел Митревски.

Видеозаписот е во продукција на Дејан Трајчевски – Ендорс Продукција, со светло мајстор Никола Георгиевски и шминка од Ксенија. Како локација за снимањето е искористен Центар за култура Битола.

Изведувачите упатија благодарност до директорот Сашо Илковски, како и до Амир Бахтијаревиќ и Мирна Шкргатиќ за поддршката во реализацијата на проектот.

Секогаш најдете време за луѓето кои ги сакате
Во овој забрзан свет, често забораваме на најважните работи – луѓето кои …
Здравје во боја – овошја што го разладуваат телото и ја хранат душата
Летото е време кога нашето тело природно бара повеќе течности, лесна храна …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…