Битолската карикатуристка Кети Радевска продолжува да ниже меѓународни успеси и да ја промовира уметноста надвор од границите на Македонија.
Во изминатиот период, таа беше наградена за своја карикатура на Меѓународен фестивал за карикатура во Кина, додека од Полска ѝ беше доделен сертификат за Амбасадор на карикатура од Институтот за светска карикатура.




Дополнително, нејзин цртеж се најде и на насловната корица на книга за деца на англиски јазик, дело на хрватска авторка – уште едно значајно признание за нејзиниот талент и креативност.

„Тра ла ла“ повторно ја исполни Битола со детска песна, музика и насмевки
Во Центарот за култура во Битола, на 6 ноември, се одржа 26. …
Грижа за душата – Свети Серафим Саровски
Телото на човекот е како запалена свеќа: свеќата мора да гори, а …








