Свети Фануриј се празнува на 9-ти септември, а кај народот постои верување дека помага во исполнување на желбите на луѓето. По тој повод верниците замесуваат колач од 9 состојки.

Во пресрет на овој празник, го споделуваме рецептот за фануропитата на Катерина Шамбевска Спасеновска од Сѐ за храна, како што вели најлесниот и највкусниот колач кој се меси за барање прошка на гревовите на мајката на свети Фануриј.

„Едноставна подготовка, добра мисла и убави емоции! А ова е мојот омилен рецепт за Фанурија, кој спонтано го подготвив пред 2-3 години, а годинава ќе го повторам, затоа што многу ни се допадна вкусот на сите кои пробавме, а подготовката е претерано едноставна!“, вели Катерина.

🛒Состојки:

🔹2 чаши брашно

🔹1 лажиче сода бикарбона

🔹1 ќесичка ванилин шеќер

🔹1/2 чаша кафеав шеќер

🔹1 чаша сок од портокал

🔹1/3 чаша масло

🔹50 г суво грозје

🔹50 г сечкани лешници

🔹рендана кора од половина лимон.

🗒Подготовка:

1️⃣Сите состојки се мешаат и не се остава да отстои. Народната традиција вели, додека мешате,да си ја повторите вашата желба 3 пати.

2️⃣За печење направив ,,калап” од хартија бидејќи сакав мала, а висока Фанурија.

3️⃣Рерната се загрева на 200 степени, па се печи на 180 степени околу 35-40 минути. Декорирав со малку од сечканите лешници. 😊 На здравје и за убаво!

За повеќе вакви рецепти, заследете ја Катерина на Фејсбук: https://www.facebook.com/katerina.sambevska/

или на Инстаграм:
https://www.instagram.com/katerina.shambevska/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…