keti izlozba

На 9 јули (четврток), со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата на лумен принтови „Фрагменти од НАС“ од битолската фотографка Кети Талевска Бакревска.

Изложбата претставува интимно визуелно истражување на жената како слоевито суштество – тело, мисла и дух – изразено преку специфичниот јазик на лумен принтот, фотографски процес во кој сончевата светлина дејствува како коавтор.

Во оваа серија, авторката му дозволува на моментот да се случи природно, да се впие и да остави своја трага. Просторот на изложбата е концептуално поделен на три столба на постоењето, претставени преку три женски силуети, создадени исклучиво со техниката на лумен принтот. Преку светлината, времето и природните процеси, делата отвораат простор за размислување за идентитетот, личното искуство и различните слоеви на човековото постоење.

Кети Талевска Бакревска од Битола е фотографка која работи со алтернативни фотографски процеси, меѓу кои лумен принтови, цијанотипија, класична аналогна фотографија и камера обскура. Нејзиното творештво е инспирирано од природата, светлината и трагите што тие ги оставаат на хартијата, а преку овие техники создава дела кои ги спојуваат фотографијата, експериментот и визуелната поезија.

Досега има реализирано две самостојни изложби и учествувано во повеќе регионални и европски проекти. Често е дел од жири-комисии на фотографски изложби, а преку работилници активно го пренесува своето знаење и искуство во областа на алтернативната фотографија, придонесувајќи за развојот и афирмацијата на оваа уметничка практика.

Една реченица открива дека некој ви завидува: Ако често го слушате ова – бидете внимателни
Зависта често не се покажува отворено. Луѓето кои ви завидуваат најчесто нема …
Како да решите конфликт без кавга: Методот на Михаил Литвак што многумина го применуваат
Конфликтите се неизбежен дел од секојдневниот живот – во семејството, на работа, …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…