Костимографот Благој Мицевски, годинава одбележува 30 години костимографија кариера. Тоа е поводот во Офицерскиот дом во Битола на публиката да претстави дел од своето богато творештво кое прв пат ќе се најде надвор од театарската сцена.

313353072 532102732072935 7075168444310291566 n

Иако и самиот вели дека не е голем поборник за изложување костими надвор од сцената и актерите за кои се создадени, но се надева дека успеал да направи соодветен избор и комбинација на начин што тие не би изгубиле ништо од својата вредност.

313785029 836901784177102 2568864558793296867 n

„Се радувам што изложбата така убаво се вгнезди во реновираниот Офицерски дом што го паметам уште од моето детство и дека како дел од прославата на 4 Ноември на Општина Битола ја покажува мојата врска со овој град како трајна инспирација, но и како порака дека и од Битола се може да се создаде нешто убаво, порака која секогаш сум ја застапувал. Токму затоа оваа изложба ја доживувам и емотивно затоа што од првата изложба до сега помина толку време и некако се заокружува една авторска уметничка целина. Не сум голем поборник за изложување костими надвор од сцената и актерите за кои се создадени, но мислам дека успеав да направам адекватен избор и комбинација како истите не би изгубиле ништо од својата вредност” – изјави Мицевски.

313219894 568338091762573 1371184156018495034 n

Изложбата „ОпераДрамаБалет“ се состои од два сегменти. Првиот претставува изложба на 15 костими од претстави по Шекспир реализирани во Народен театар Битола и истите се изложени во просторот на кукли.

312908566 2037337996475304 2771720804171908112 n

Другиот дел, пак, се 30 фотографии од опери, претстави и балети што ги реализирал костимографот Мицевски кај нас и во странство, а кои публиката немала можност да ги види во живо.

313026173 805689010712419 8734407015793215267 n

Тие ја отсликуваат неговата соработка со режисерите Диего де Бреа и Џон Блондел, како и со кореографката Рисима Рисимкин.

313074841 879554576374720 2402153804645504697 n

Изложбата е придружена и со каталог со фотографии што се фокусираат на последната декада од неговата тридецениска работа како костимограф.

    Предавање на теми од книгите на проф. д-р Зоран Крстевски во битолската библиотека
    Пред преполната сала во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, предавање одржа проф. …
    Марко Николиќ албумот првенец ќе го промовира и во Македонија
    Марко Николиќ по 20 години професионална музичка кариера во која неговото име …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

    Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

    За лицемерното смирение…

    Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

    Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

    Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

    Смела и гламурозна креација на Александар Ортак за матурски фустан

    Матурската прослава е крајната точка на едно прекрасно животно поглавје исполнето со…