Малата сала на Центарот за култура беше преполна синоќа на проекција на филмот „Каде си, Адаме“, а покрај битолчани присутни беа и прилепчани, охриѓани и стружани. Ѓаконот Александар Плиска, продуцент на филмот, пред присутните рече дека авторот на филмот нема никаква порака, туку секој оној кој ќе го изгледа филмот, после тоа да влезе длабоко во своето срце.

viber image 2022 11 12 23 57 57 722

Заради големиот интерес, тој најави уште една проекција на филмот во Битола.

viber image 2022 11 12 21 07 50 565

Филмот го прикажува монашкиот живот, полн со автентични ликови, и се снимал четири години на Атос, Грција. Критичарите го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашката заедница во 21. век.

viber image 2022 11 12 21 07 51 447

Авторот на филмот, укранскиот продуцент – ѓаконот Александар Плиска, го реализирал проектот со режисерот Александар Запорошченко. Плиска за време на неговиот десетгодишен престој во светогорскиот манастир Дохијар дошол на идејата да сними филм за животот со монасите. Тие пред филмската камера ја изнесуваат и тагата и среќата, покајанието, радоста…

viber image 2022 11 12 21 07 52 647

Режисерот Запорошченко, кога почнал со снимањето на филмот, сфатил дека монасите не одат по површината на водата или лебдат во воздухот. Тие се луѓе од крв и месо, водат испоснички и тивок монашки живот. Главниот јунак во филмот е игуменот на манастирот, ведар и харизматичен старец Григориј, кој со долгогодишното монашко искуство има длабоко разбирање на човековата душа и нејзината желба да се врати во состојбата која е својствена на прачовекот Адам. Игуманот Григориј, кој во меѓувреме починал, меѓу другото вели дека најголемата доблест што ја научил на Света Гора е доблеста на трпението.

КАДЕ СИ, АДАМЕ? учествувал на неколку филсмки фестивали посветени на христијанската култура во Киев (добитник на Гран при), Торонто, Краков, Зајечар (Србија)…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот
Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да ти плачи. Колкупати ги …
Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни
Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

    Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

    ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

    Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

    Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

    На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…