Кристијан Диор е еден од најпознатите и може да се каже најголемите дизајнери на минатиот век.
Модната куќа Диор се смета за синоним за квалитет и добар вкус. Диор не прави само убави фустани и елегантна облека, туку и козметика и парфеми кои се многу популарни насекаде низ светот. Кристијан Диор имал многу позитивен однос кон жените, но знаел и да ги критикува без влакна на јазикот.
Ајде да видиме што треба да следи секоја жена според Кристијан Диор.
1. Чиста и уредна коса
Како и Коко Шанел, и Кристијан Диор верувал дека една од најлошите работи што една жена може да ја направи е да ја напушти куќата со валкана и неуредна коса. Жената не смее да си дозволи да се појавува во јавноста со несредена коса.
Чистата коса е еден од најатрактивните симболи на секоја жена.
2. Женственост
Кристијан Диор верувал дека ако кај жената нема ни малку женственост, таа не може да се смета за дама. Женственоста не се само елегантните фустани и чевли, туку и нејзиното однесување и начинот на кој таа се однесува со луѓето.
Верувам дека многумина ќе се согласат дека на дама не и прилегаат прости зборови, без разлика колку елегантно и привлечно изгледа.
3. Облека по големина
Неуредната коса и лошото однесување не се единствените работи што ја прават жената помалку женствена, туку и погрешната облека.
Жената треба да избере облека која добро и стои на фигурата и која најдобро ќе ја нагласи нејзината фигура.
4. Чевли
Кристијан Диор рекол: „Вистинскиот доказ за женската елеганција е она што се носи на стапалата“. Кристијан Диор ги сметаше женските чевли за незаменлив дел од женственоста. Според него, уредната жена не смее да излезе од дома без чевли, иако многу жени денес секогаш избираат патики.