pretstava deca

Во амфитеатарот на Тумбе кафе во Битола  беше одиграна претставата „Кавгата меѓу петте принцези“ во продукција на …. пет девојчиња од иста улица (Ениџе Вардар кај манастирот „Св.Наум“- Битола) кои секојдневно играат заедно во иста улица, делат заеднички играчки, учат во исто училиште и сега остварија заедничка идеја.

viber image 2024 08 23 08 17 26 843

„Кавгата меѓу петте принцези“ е вистинска детска претстава, за децата, но и за возрасните. Замислете да им се дозволи светот да го водат децата…ниедна кавга нема да трае подолго од пет минути и никогаш нема да биде здодевно – бидејќи децата растат и учат преку игра.

Пред неколку години две девојчиња  посакаа да играат претстава на летната сцена и тој сон им се оствари.

Во претставата играат : Калина Стефановска, Јана Димовски, Бисера Христовска, Јана Петровска, Хана Христовска,  Матеа Геровска и Антониа Геровска, а ги подготвуваше битолската актерка Марија Стефановска.

Она што мора да се напомене е дека низ Битола, улицата Ениџе Вардар е позната како улицата на глумците, ако се земе фактот деа од тука поттекнуваат  браќата Ацо и Димче Стефановски едни од основоположниците на Битолскиот народен театар во далечната  1944 година.

viber image 2024 08 23 08 17 54 776
Порибена акумулацијата „Стрежево“ со 250 килограми крап
Акумулацијата „Стрежево“ е порибена со 250 килограми крап, обезбеден од репроцентарот „Акватика“. …
Стар рецепт за слатко од смокви: Мирисот на летото во тегла
Има нешто посебно во домашното слатко – една мала лажичка може да …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…