Научниците конечно го најдоа одговорот на едно од најголемите прашања во животот: Дали парите можат да купат среќа? Најновото истражување потврди дека парите навистина можат да „купат“ среќа, но само ако не заработувате повеќе од 123.000 долари годишно.

Screenshot 2022 11 17 at 11 56 38 Wealth redistribution promotes happiness Proceedings of the National Academy of Sciences

Нов експеримент насловен како „Прераспределбата на богатството промовира среќа“ чии резултати неодамна беа објавени на страниците на едно од најпрестижните научни списанија PNAS, кое го издава Националната академија на науки на САД, ги проучуваше ефектите од еднократната исплата од 10.000 долари врз луѓето.

Група од 200 луѓе во седум земји добија исплата од 10.000 долари преку PayPal, во партнерство со TED, и беа следени наспроти контролната група која не доби пари за да ги спореди нивните нивоа на среќа. Имаа и ограничување од три месеци да ги трошат своите средства.

man 5574872 1280
Pixabay

Тие 200 среќници, кои станале побогати за 10.000 долари, го пријавиле нивото на среќа на скала од еден до седум на крајот на секој месец. Кога експериментот заврши, тимот за трошење пријави повисоки нивоа на среќа. Но, една група не беше засегната од добиените пари.

Screenshot 2022 11 17 at 11 56 03 Wealth redistribution promotes happiness Proceedings of the National Academy of Sciences

Се испостави дека луѓето со приход од домаќинството над 123.000 долари го одржувале истото ниво на среќа дури и откако добиле 10.000 долари.

Испитаниците потекнуваат од три земји со низок приход (Бразил, Индонезија и Кенија) и четири земји со високи приходи (Австралија, Канада, Велика Британија и САД).

Примателите во земјите со пониски приходи забележале зголемување на среќата три пати поголемо од оние во земјите со повисоки приходи. Така, додека студијата покажа дека богатството може да го подобри нивото на среќа кај повеќето луѓе, добиените пари не влијаеле на оние кои веќе заработувале големи суми.

woman 3261425 1280
Pixabay

Во претходно истражување кое опфатило повеќе од 2000 милионери од 17 земји, била испитувана врската помеѓу нето вредноста и задоволството од животот. Авторите пријавиле просечно задоволство од животот на милионерите на четири нивоа на богатство: од 1,5 до 2,9 милиони, од 3 до 7,9 милиони, од 8 до 14,9 милиони и од 15 милиони +. Поединците со богатство од 3 до 7,9 милиони пријавиле помало задоволство од животот (М = 5,81) од оние со 8 милиони до 14,9 милиони богатство (М = 5,97).

Филмски репертоар во кино Манаки за оваа недела
Празнувањата се зад нас, а новата година ја започнуваме со атрактивна филмска …
Што значи да се биде Битолчанец денес
Да се биде Битолчанец денес значи да носиш во себе богатство на …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

    Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

    „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

    Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

    (ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

    Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

    Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

    ,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…